fbpx

Обвинителството го доби извештајот од увидот на МВР за трагедијата во Тетово

-

Денеска, 23 дена откако се случи пожарот во модуларната болница во Тетово, извештајот од извршениот увид од одделот за криминалистичка техника при МВР, пристигна во Основното јавно обвинителство – Тетово.

Како што најавија обвинителите, тие сега ќе го разгледаат и анализираат извештајот, а очекуваат да им пристигнат други извештаи и податоци за кои имаат издадено наредби и насоки.

„Дејствијата за утврдување на причините за настанатиот пожар кои ги преземаат петмината обвинители континуирано се одвиваат“, велат од ОЈО – Тетово.

Додаваат дека во момeнтов се врши сослушување на членови на Комисии за импелементација, следење и технички прием на модуларните монтажни контејнери, кои биле со решение формирани од Министерството за труд и социјална политика.

Во трагичниот пожар во Тетово, кој се случи ноќта на 8 септември, веднаш по прославата на 30 години независност на државата, загинаа 14 лица.

На 10 септември, министерот за здравство, Венко Филипче, и неговиот заменик, Илир Хасани, заедно со двајцата директори на тетовската болница, Артан Етеми и Флорин Бесими, објавија оставки од морални причини. Премиерот Зоран Заев по неколку дена објасни дека не ги прифаќа оставките и дека Филипче, Хасани, Етеми и Бесими и понатаму ќе бидат на функцијата додека не заврши истрагата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...