fbpx

Почина поранешниот претседател и генерален секретар на Црвен крст Илија Цветаноски

-

Црвениот крст на Република Северна Македонија информира дека по кратко боледување вчера на 77-годишна возраст почина поранешниот претседател и генерален секретар на Црвениот крст Илија Цветаноски.

Илија Цветаноски беше претседател на Црвениот крст на Република Македонија од 1996 до 2001 година и генерален секретар од 2001 до 2004 година.

„Со голема тага ја примивме веста дека не напушти една од личностите која даде посебен придонес во развојот на нашата организација. Г.дин Илија Цветаноски одбележа еден посебен период во работата на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Од својата најрана возраст па се до крајот на својот живот почитуваниот Илија Цветаноски пред се неуморно се залагаше и волонтерски придонесуваше за развојот на Општинската организација на Црвен крст Прилеп, а долги години беше претседател на една од нашите најуспешни организации – Општинската Организација на Црвениот крст Прилеп“, се наведува во обраќањето на генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ Саит Саити.

Тој додава дека во текот на своето работење како претседател и генерален секретар на Црвениот крст на РСМ, Цветаноски секогаш бил пример за човек кој неуморно се посветувал на развојот на организацијата и бил пример за многу наши генерации на волонтери како се сака и помага Црвениот крст во интерес на луѓето кои ги опслужуваме.

„Денеска е тажен ден. Се збогуваме со голем волонтер и пријател кој го посвети речиси целиот свој живот на хуманизмот и хуманитарната работа. На сите нас во Црвениот крст ни беше голема чест и задоволство што имавме можност заедно да соработуваме со г.динот Илија Цветаноски“, се наведува во обраќањето на генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ Саит Саити.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...