fbpx

Заев за австриски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

-

Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е најдобриот проект во светот што гарантира демократија и слобода и затоа треба да го забрза процесот на донесување одлуки и тоа значи дека малите држави не треба да се третираат на ист начин како и големите држави, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервјуто за австрискиот весник „Стандард“.

Заев пред посетата на претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен на Скопје следната семциа, вели дека по шеснаесет и пол години чекање, нема веќе што многу да се направи „со оглед на тоа што нашата земја беше добар пример во последниве години кога станува збор за однесување на европски начин“.

„Сигурно не сме најдобри, но ние сме добрата вест од Западен Балкан. Во моментов, ЕУ размислува за препораките што ќе бидат дадени на Самитот за Западен Балкан на почетокот на октомври, а има држави од ЕУ кои дури и не сакаат Унијата да продолжи да се фокусира на Западен Балкан“, вели премиерот Заев истакнувајќи дека кога станува збор за управувањето со континентот, ЕУ е заинтересирана да нé има таму, бидејќи Кина и Русија, исто така, имаат економски интереси на овој простор, што, како што нагласи Заев, не мора нужно да имаат врска со европските и демократските вредности.

Во интервјуто за „Стандард“ на прашањето за бугарското вето на пристапните преговори за Северна Македонија во ЕУ и можниот излез од оваа ситуација, премиерот Зоран Заев вели дека продолжуваат разговорите со нашиот сосед и дека, според него, направени се чекори поблиску до решение, односно тоа би можело да се постигне пред крајот на годината.

„Мислам дека е можно да се постигне придвижување пред Божиќ, односно на Советот на ЕУ на 22 декември, бидејќи Бугарија до тогаш ќе избере нов парламент на 14 ноември, а вториот круг од претседателските избори таму ќе се одржи една недела подоцна. Така, тие имаат повеќе од еден месец да донесат одлука. Министрите за надворешни работи напорно работат на тоа. Ние се обидуваме да ја разбереме позицијата на Бугарија и тие се обидуваат да ја разберат нашата позиција“, истакнува претседателот на Владата Заев во интервју за виенски „Стандард“.

Премиерот Заев подвлече дека овој процес е билатерална работа, дека во него ЕУ е наш заеднички пријател и дека имаме целосна доверба во европските институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле...