fbpx

Десетици граѓани утринава го одбележаа празникот Водици во црквата Рожденство на Богородица (галерија)

-

Иако поради пандемијата со ковид-19 нема традиционално одбележување на верскиот празник Богојавление Водици со фрлање на крст во реката Вардар, сепак утринава десетици граѓани се собраа во црквата на Рождеството на Богородица во Скопје.

Со заштитни маски, но без дистанца граѓаните, едни до други стојеа додека поглаварот на Македонската Православна Црква, г.г Стефан ја одржуваше литургијата.

Дел од присутните ги вадеа заштитни маски при обредите, а можеа да се забележат и дел од свештените лица кои не носеа заштита на лицето.

По утринската литургија и во текот на денот повеќе верници од главниот град се упатуваат во црквата на Рождеството на Богородица да го одбележат празникот.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчера упати апел до верските заедници и граѓаните да ги почитуваат мерките за претстојниот празник Водици. Како што најави тој, за време на празникот полицијата ќе биде со зголемени активности, односно организирани се посебни планови за да се спречат групирања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска со двојна предност пред Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ

Од обработените 50 отсто од резултатите на вториот круг претседателски избори и од парламентарните избори, може да се заклучи дека досегашната владејачка СДСМ доживува катастрофален пораз. Кандидатката за претседател поддржана...