fbpx
Таг: Богојавление Водици

таг: Богојавление Водици

Десетици граѓани утринава го одбележаа празникот Водици во црквата Рожденство на Богородица (галерија)

Иако поради пандемијата со ковид-19 нема традиционално одбележување на верскиот празник Богојавление Водици со фрлање на крст во реката Вардар, сепак утринава десетици граѓани се собраа во црквата на Рождеството на Богородица во Скопје. Со заштитни маски, но без дистанца граѓаните, едни до други стојеа додека поглаварот на Македонската Православна Црква, г.г Стефан ја одржуваше литургијата. Дел од присутните ги вадеа...

Пендаровски: Овој празник да ни биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста и трпението

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, претседателот на државата, Стево Пендаровски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан. „Годинава, за жал, Богојавление - Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но...

Даниел Дончевски по петти пат го фати крстот во Скопје

Даниел Дончевски од скопската населба Маџари го фати Светиот крст што во осветените води на реката Вардар во Скопје го положи поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан од мостот „Слобода“. На денешната манифестација во Скопје, по крстот во реката Вардар скокаа 150 верници. Најсреќниот меѓу нив, Дончевски по петти пат го фаќа крстот во водите на...

Мицкоски: Богојавление – Водици нека биде потсетник на христијанските вредности

Празникот Богојавление - Водици нека биде потсетник на христијанските вредности кои треба да ги почитуваме - љубов, хуманост, добрина и проштевање, стои во честитката што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја упати до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан, свештенството и до сите православни верници. „Денешниот христијански празник претставува симбол на духовното раѓање и патот...

Иван Лотески од населбата Варош го фати крстот во Охридското езеро

Иван Лотески од охридската населба Варош го фати Светиот крст што во осветените води на Охридското езеро го положи митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј. Лотески беше најсреќниот од неколкуте стотини верници кои денеска скокаа по крстот во Охридското езеро, чија температура според утринските мерења изнесуваше седум Целзиусови степени. - Скокам по крстот од мои 13 години. Денеска прв...

Државниот врв им го честиташе Богојавление – Водици на православните верници

Премиерот Зоран Заев, по повод празникот Богојавление - Водици упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан и до сите православни верници. „Благородната порака на овој празник исполнува и со оптимизам, и дека надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото никогаш не згаснува. Со овие пораки, и со искрената верба во нив,...

Православните верници го слават Богојавление – Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Јован Крстител. Празникот, кој уште се нарекува Водици поради големото осветување на водите што го извршува црквата на овој ден, се празнува уште од вториот век од нашата ера. На овој ден, традиционално во реките се положуваат...

Охриѓанецот Бобан Павловски го фати крстот во реката Вардар во Скопје

Бобан Павловски од Охрид го фати крстот што денеска напладне во реката Вардар, од мостот Слобода во Скопје, го положи поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. ­ Павловски по повод фаќањето на крстот доби икона, златник и други подароци. Тој на сите им посака здравје, среќа и бериќет. На чинот на положувањето на крстот во реката...

Државниот врв и лидерите на партиите упатија честитки по повод Богојавление – Водици

Претседателот на држвата, Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан, и до православните верници во земјава испратија честитки по повод празникот Богојавление - Водици. „Во духот на овој голем празник, да го поттикнуваме најдоброто во нас и најдоброто кај...

Петар Рупев од населбата Варош го фати крстот во Охрид

Петар Рупев, од охридската населба Варош, беше најсреќниот кој прв стигна до крстот во осветеното Охридско Езеро. За централната манифестација по повод празникот Богојавление - Водици во Охрид, беа пријавени околу 300 лица, на кои не им пречеа студените води на езерото, од само 6 Целзиусови степени. На Рупев, кој по четврти пат го фаќа крстот, црквата му подари крст,...

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление - Водици, поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Јован Крстител. Празникот, кој уште се нарекува Водици поради големото осветување на водите што го извршува црквата на овој ден, се празнува уште од вториот век од нашата ера. На овој ден, традиционално во реките се положуваат...

Димитриев: Да ѝ помогнеме на Македонија да ги надмине сите препреки

Претседателот на Владата за спроведување на парламентарните избори, Емил Димитриев, по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, денеска упати честитка до поглаварот на МПЦ-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, и до сите верници од православна вероисповед. „На овој прекрасен ден, секоја година одново и одново се потсетуваме на големата љубов на нашиот Бог создател, на неговата милост да ни ги открие најдлабоките тајни...

Заев повика на чесност, солидарност, толерантност и на почитување

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и до сите граѓани кои го чествуваат празникот. „Вам, на претставниците на МПЦ, на граѓаните кои денеска празнуваат, од срце го честитам големиот христијански празник Богојавление - Водици во мое име и во име на...

Груевски им го честита Водици на православните верници

Лидерот на владејачката партија и поранешен премиер, Никола Груевски, денеска по повод големиот христијански празник Богојавление Водици упати честитка до Македонската православна црка и до православните верници. „Славењето на Христовото крштевање како една од повеќето свети тајни на христијанството е еден од најзначајните настани за духовното раѓање и за опстојбата на човековото живеење во верата. Богојавление е настан кој просветлува...

Даниел Дончевски го фати крстот во Скопје

Дваесет и шестгодишниот Даниел Дончевски од скопската населба Ченто денеска во Скопје четврти пат го фати крстот, кој од мостот Слобода во реката Вардар го фрли поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Дончевски досега осумпати се фрлал по крстот, но денеска беше најбрз меѓу 110 учесници. – На сите христијани нека им е честит големиот празник Богојавление – Водици....

Варошанецот Петар Рупески – среќниот фаќач на крстот во Охрид

Петар Рупески, 26-годишен охриѓанец од населбата Варош во старото градско јадро, е среќниот фаќач на светиот крст за годинава во македонскиот Ерусалим. Тој третпат успева да доплива до крстот, кој денеска во осветените води го фрли митрополитот дебарско-кичевски, Тимотеј. Рупески посака здравје, среќа и бериќет во текот на целата година. – Нема посебен чин при фаќањето на крстот. Како верници цела година...

Иванов и Вељаноски упатија честитки по повод празникот Богојавление – Водици

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, и до сите верници од православна вероисповед. „Одбележувајќи го денот, на кој според преданијата свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, го славиме крштевањето како една од светите...

Скопје со посебен сообраќаен режим за Водици

Поради чествувањето на големиот христијански празник Богојавление - Водици, утре ќе биде воведен привремен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Поради чествувањето на големиот христијански празник Богојавление -Водици со традиционалниот црковен чин, положување на светиот крст во водите на реката Вардар, на 19 јануари 2016 година, во периодот од 11 часот сè до...

Поранешниот евроамбасадор Фуере и годинава во Охрид за Водици

Поранешниот амбасадор на Европската унија (ЕУ) во Македонија, Ерван Фуере, не ја напушта својата практика и своевидна лична традиција, за празникот Богојавление - Водици да биде гостин во Охрид. И оваа година поранешниот амбасадор на ЕУ ќе биде дел од атрактивната манифестација, исполнета со бројни активности. Фуере неколку години, освен што присуствуваше за Водици во Охрид, активно учествуваше и во пливањето...

Утре отворање на изложбата „Жени во занаетчиство“ по повод Деновите на занаетчиството

Во чест и обележје на Деновите на занаетчиство, утре во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ќе биде отворена изложбата „Жени во занаетчиство“ чијшто покровител е...