fbpx

Владата повторно ветува систематизација на 700 административци кои 12 години земаат плата без работа

-

Систематизацијата на 1.688 административци вработени според Охридскиот договор, кои од 2008 година, во отсуство на понуда за државна работа, добивале плати иако седеле дома, започна за време на мандатот на претходната влада, но застана на половина. Сега, откако владините партнери не ја спроведоа предвидената систематизација во првиот мандат, ја вклучија во коалицискиот договор за вториот мандат. Но, барем засега, не се очекува оваа систематизација да се случи до крајот на оваа година, пишува „Порталб.мк“.

Првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби вчера изјави дека е формирана работна група која ќе ги систематизира вработените според Охридскиот договор кои не оделе на работа, како и дека се размислува да се подготви посебен закон за овие лица.

„Ова е дел од договорот за коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, за систематизација на сите вработени според Охридскиот договор по програмата К-5, кои треба да бидат вработени за да се зголеми соодветната и правична застапеност на сите заедници во државната администрација и институциите од јавниот сектор. Договорот ќе го спроведеме и ќе ги систематизираме сите тие кои сакаат да работат и кои чекаат да бидат систематизирани. Во моментот формиравме работна група за анализа на нивната професионална обука, колку економисти, адвокати, инженери по информатика, колку се во средно училиште, за потоа заедно со МИОА да најдеме слободни работни места“, изјави Груби.

Тој не очекува овој процес да заврши до крајот на оваа година.

Владата во последниот мандат, направи план за систематизација на 1.688 административци кои седат дома и примаат плати. Според планот, административците требаше да бидат систематизирани во работни места во две фази.

На 30 август 2018 година, тогашниот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, објави дека 752 од 958 администратори, вклучени во првата фаза на систематизација, потпишале договори и започнале со работа, додека другите 206 се ставени на списокот за трансфери.

Паралелно со систематизацијата на 958 административци во соодветните институции, Владата на 3 мај 2018 година, соопшти дека Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор работи на подготовка на план за систематизација на уште 730 административци.

„Секретаријатот работи на подготовка на планот за втората фаза на лицата кои останаа не систематизирани. Истиот е сè уште во почетна фаза. Според постапката, Секретаријатот со други релевантни институции го изготвува планот, истиот доаѓа и се усвојува од Владата и започнува да се спроведува. Во исто време, земени се во предвид сите критериуми и сите услови – образование, нивно стручно оспособување, градот од каде се“, рекоа од Владата, не одредувајќи рок до кога се очекува да се случи тоа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Полицијата вчера пронашла фотографии од избирачкиот список со лични податоци на гласачите кај двајца членови на избирачки одбор од Охрид предложени од една политичка партија. Покрај списокот, тие во...