понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: систематизација | 12 резултати

МРТ лани имала 232 новинари или 29 отсто од вкупниот број вработени во јавниот сервис

октомври 1, 2020

Македонската радио-телевизија (МРТ) на крајот на минатата година имала вкупно 814 вработени лица, од кои 768 во редовен работен однос, додека 46 биле хонорарно ангажирани. Од вкупниот број на вработени во јавниот сервис, 232 биле новинари, додека дури 80 биле уредници на радио и телевизиските програми. Новинарите учествувале со 29 отсто во вкупниот број на […]

МРТ официјално работела со добивка, но со намален број на вработени во првите шест месеци

август 4, 2020

Македонската-радио телевизија (МРТ) официјално остварила позитивен финансиски резултат од работењето во првите шест месеци од 2020 година, иако приходите од државниот буџет и понатаму остануваат главен извор на над 85 отсто од приходите на јавниот сервис, покажуваат Извештаите за финансиското работење на МРТ за првиот и вториот квартал од 2020 година. Во првата половина од […]

МИОА ја одобри новата систематизација за дополнителни 460 работни места во МРТ

јуни 15, 2020

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) минатата недела ја одобрило новата систематизација на работните места во Македонската радио-телевизија (МРТ), предложена од Програмскиот совет на МРТ. Потпретседателот на Програмски совет, Ведат Мемедалија, вели дека новата систематизација е потпишана од државниот секретар на МИОА, Адем Авзиу и предвидува зголемување на бројот на вработените на јавниот сервис […]

МРТ треба да вработи повеќе новинари, да отвори дописнички центри во земјава и да има дописници од регионот

мај 25, 2020

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) не се изненадени од податоците во најновиот Правилник за систематизација на работните места во Македонската радио-телевизија (МРТ), кој покажува дека на јавниот сервис му недостигаат 469 вработени, од кои 202 се новинари. Според информациите на ЗНМ, нема јавно достапна анализа […]

Ревизорите бараат од МИА систематизирани работни места со утврдени задачи и контрола на авторските договори

мај 14, 2020

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во објавениот Ревизорски извештај изразува мислење со резерва во однос на вистинитото и објективно прикажување на финансиските извештаи на Македонската информативна агенција (МИА) за 2018 година и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Ревизорите констатирале слабости во воспоставениот систем на внатрешни контроли кај […]

На МРТ ѝ требале уште 469 вработени, во моментов ангажирани 755 лица (инфографик)

мај 4, 2020

На Македонската-радио телевизија (МРТ) ѝ недостасуваат 469 вработени, според најновиот Правилник за систематизација на работните места што го усвоил Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана на 23 април годинава. За извршување на работните задачи во јавниот радиодифузен сервис е утврдено дека се потребни 1.224 извршители, додека во моментов се пополнети 755 работни места во […]

Манчевски: Институциите мора да ги регистрираат вработените за да исплатат плати

февруари 22, 2018

Јавната администрација нема да може да земе плата, ако државните институции не ги регистрираат своите вработени во информатичкиот систем за управување со човечки ресурси, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Институциите кои не ги внеле податоците за вработените во регистарот, имаат рок од три месеци тоа да го сторат. Законските прописи со […]

Разрешена директорката на Филхармонија, Маја Чаначевиќ

јули 28, 2017

Министерството за култура на Република Македонија донело решение за разрешување на Маја Чаначевиќ од функцијата директор на Националната установа Македонска филхармонија – Скопје. За вршител на должноста директор во оваа установа е назначен Виктор Илиески, член на ансамблот на филхармонијата. Во соопштението од Министерството за култура се вели дека според наодите на инспекциските служби, директорката […]

Страна 1 од 1