fbpx

Од 1 октомври сите вработени во јавната администрација ќе работат од 8 до 16 часот

-

По три години примена на флексибилното работно време, јавната администрација од 1 октомври ќе работи повторно во фиксен термин од 8 до 16 часот. Владата денеска ја донела оваа одлука, а во владиното соопштение се најавува дека истата стапува на сила за два дена и ќе биде од времен карактер.

„На денешната седница Владата донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа и, наместо сегашното работно време од 07:30 до 15:30 и од 08:30 до 16:30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 08:00 до 16:00 часот“, се вели во соопштението на владината прес-служба.

Од Владата не даваат образложение за причините поради кои се носи оваа времена мерка. Инаку, флексибилното работно време беше воведено на 1 септември 2017 година, со цел да се подобрат условите за вработените во јавната администрација и да се подобри процесот на испорачување услуги кон граѓаните и бизнис заедницата. Одлуката за утврдување на флексибилно работно време за јавната администрација беше донесена на почетокот од јули 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи вчера вечерта, по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, а Битиќи побара тоа да го...