fbpx
Таг: времена мерка

таг: времена мерка

Од 1 октомври сите вработени во јавната администрација ќе работат од 8 до 16 часот

По три години примена на флексибилното работно време, јавната администрација од 1 октомври ќе работи повторно во фиксен термин од 8 до 16 часот. Владата денеска ја донела оваа одлука, а во владиното соопштение се најавува дека истата стапува на сила за два дена и ќе биде од времен карактер. „На денешната седница Владата донесе одлука времено да ја суспендира...

Субвенциите ќе може да се исплаќаат додека Уставниот суд не одлучи поинаку

Субвенциите на земјоделците ќе може да се исплаќаат, пресече Уставниот суд, кој на денешената седница со мнозинство гласови донел одлука да поведе постапка за оценка на уставноста и на законитоста на членот 8-а од Изборниот законик и на членот 11 од Законот за спречување на корупција. Истовремено, Уставниот суд донесе и привремена мерка со која се запира извршување на овие...

Уставниот суд одлучува за законитоста на распуштањето на Собранието

Уставниот суд денеска треба да одлучи за уставноста и законитоста на одлуките за распуштање на Собранието, со одложено дејство, од 18 јануари и 23 февруари, оваа година. На минатата седница, одржана пред точно една недела, уставните судии едногласно прифатија да ја разгледуваат иницијативата поднесена од Демократската унија за интеграција (ДУИ), со која се оспорува распуштањето на Собранието. Судиите, во меѓувреме, донесоа...

Ахмети: Уставниот суд денеска донесе правилна одлука

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја поздрави денешната одлука на Уставниот суд, посочувајќи дека станува збор за прв, неопходен чекор во решавањето на политичката криза. „Jа поздравувам денешната правилна одлука на Уставниот суд која овозможува враќање во Собрание како прв чекор, неопходен за решавање на тешката политичка криза. Ги поканувам сите лидери, медиуми како и граѓанското општество...

Уставниот суд ги замрзна изборите и изборната кампања

Уставниот суд на денешната седница, покрај одлуката за поведување на постапка за оценување на уставноста на распуштањето на Собранието, донесе и времена мерка со која ги замрзна сите активности кои произлегуваат од спорните одлуки за распуштање на Законодавниот дом. Ова, како што појаснуваат од Уставниот суд за „Мета“, значи дека запираат сите дејствија, вклучително изборите, изборната кампања, изборните рокови и...

Спасовски: Чавков лаже, крши закони и се однесува како судија на Управниот суд

Тоа што го зборува дополнителниот заменик-министер Митко Чавков е лага, обвини денеска на прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во врска со одлуката на Управниот суд за решенијата што тој ги донесе пред Нова година, меѓу кои и тие за разрешување на началниците на пет сектори за внатрешни работи. Според Спасовски, Управниот суд не ги укинал решенијата туку донел само...

Управниот суд привремено ги поништил и решенијата на Спасовски за разрешување началници

Управниот суд донел одлука да ја прифати тужбата на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, и привремено да ги стави надвор од сила сите 29 решенија што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги донесе пред Нова година, пренесуваат медиумите. Дел од решенијата кои се привремено поништени се однесуваат на разрешување началници на секторите за внатрешни работи во Скопје, Битола, Охрид,...

Средба Ковачевски – Лосон: Поддршка од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава, информираат од владината прес-служба. На состанокот е потврдено...