fbpx

Спасовски: Чавков лаже, крши закони и се однесува како судија на Управниот суд

-

Тоа што го зборува дополнителниот заменик-министер Митко Чавков е лага, обвини денеска на прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во врска со одлуката на Управниот суд за решенијата што тој ги донесе пред Нова година, меѓу кои и тие за разрешување на началниците на пет сектори за внатрешни работи.

Според Спасовски, Управниот суд не ги укинал решенијата туку донел само привремена мерка, а тие остануваат на сила сè до моментот кога судот ќе донесе правосилна одлука.

„Тоа што го зборува дополнителниот заменик-министер Чавков е лага. За што зборува Чавков, не е јасно. Решението на Управниот суд се однесува на привремена мерка според која, се задржува постојната ситуација до носење на одлуката од Управниот суд. Тоа значи дека сите решенија за распоредување остануваат на сила сè до донесување на правосилна одлука на Управниот суд. МВР само што ги доби решенијата за привремена мерка, уште не е доставена жалбата, а дополнителниот заменик-министер Чавков веќе знае што Вишиот управен суд ќе одлучи. Очигледно, дополнителниот заменик-министер намерно произведува хаос, со тоа што доставува телеграми до директорите на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), со свое толкување на привремената мерка, односно дава погрешни и незаконски инструкции до нив во смисла дека остануваат старите началници“, стои во соопштението од МВР за прес-конференцијата на Спасовски.

Тој го обвинува дополнителниот заменик-министер дека отворено повикува на непочитување на безбедносниот систем во МВР и дека го прекршил Законот за влада со тоа што ја заобиколил Државната изборна комисија (ДИК) и веднаш ја поднел тужбата до Управниот суд.

„Се поставува прашање зошто технничкиот заменик-министер одлучи да ја прекрши правната процедура, предвидена во Законот за влада, кога постои спорно прашање меѓу заменик-министерот и министерот да се обрати до ДИК, која во рок од 24 часа треба да донесе одлука. Потоа, доколку е незадоволен од одлуката на ДИК, може да покрене тужба до Управен суд. Заменик-министерот Чавков свесно реши да прескокне една инстанца, ДИК, и достави тужба до Управниот суд. Дали затоа што се работи за суд кој е партиска инсталација и каде што ќе можат да ги прејудицираат одлуките на судот. Морам да прашам дали дополнителниот заменик-министер Чавков сака да биде и дополнителен судија во Управниот суд“, вели Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...