Попладнево во туристичката населба Трпејца, на брегот на Охридско Езеро, кај Свети Наум, пожар зафатил две викендички.

Според првичните информации од професионалната противпожарна единица од Охрид, пожарот избил во едната викендичка и ја зафатил соседната. Опожарени се покривните конструкции на двете викендички.

Противпожарната единица од Охрид интервенирала со три возила и за кратко време го локализирала пожарот.

Во пожарот нема повредени, а предизвикана е материјална штета, чија висина допрва ќе се утврдува.

Истрагата треба да ги открие причините за пожарот.