fbpx

Ахмети: Уставниот суд денеска донесе правилна одлука

-

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја поздрави денешната одлука на Уставниот суд, посочувајќи дека станува збор за прв, неопходен чекор во решавањето на политичката криза.

„Jа поздравувам денешната правилна одлука на Уставниот суд која овозможува враќање во Собрание како прв чекор, неопходен за решавање на тешката политичка криза. Ги поканувам сите лидери, медиуми како и граѓанското општество да дејствуваат со целосна одговорност наспроти состојбата во која што се наоѓа нашата земја како и да придонeсат во враќањето на безбедноста, стабилноста како и да се посветиме силно во една сериозна и реформска агенда“, напиша Ахмети на својата официјална Фејсбук-страница.

Уставниот суд денеска едногласно одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуките за распуштање на Собранието од 18 јануари и 23 февруари и истовремено донесе времена мерка со која ги запре сите активности кои произлегуваат од спорните одлуки за распуштање на Законодавниот дом, односно замрзнување на изборите, изборната кампања и изборните рокови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...