недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: уставност | 24 резултати

СДСМ: Законот за јазиците е уставен, реакциите на ВМРО-ДПМНЕ се кукавички и неосновани

јануари 11, 2018

Измените на Законот за употреба на јазиците, што Собранието ги усвои денеска, се во согласност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5, донесен пред 17 години, велат од СДСМ. Со усвоените измени, додаваат од партијата, не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територијата, како […]

Почина Стамен Филипов, човекот што поднесе најмногу претставки до Уставен суд

декември 18, 2017

Стамен Филипов, пензиониран правник од АРМ со чин потполковник, познат каков човекот што поднел најмногу претставки до Уставниот суд на РМ, починал вчера на 74-годишна возраст. Во текот на своите пензионерски денови, Филипов поднел 1.200 претставки за оценување на уставноста на законски одредби и разни решенија, а од нив му биле прифатени 308. Од нив, […]

Владата ќе го разгледува решението на Уставен за прислушувањето преку телеком-операторите

октомври 10, 2017

Владата на денешната 31. седница, меѓу другите точки од дневниот ред, ќе го разгледува и решението на Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, донесено на седницата на судот на 21 јуни годинава. Инаку, членот 175 ѝ овозможува на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) […]

Одлуката за прислушувањето преку телеком-операторите ќе чека Уставен да се екипира

септември 27, 2017

Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука за уставноста и за законитоста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, кој ѝ овозможува на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) директно да прислушува преку телекомуникациските оператори. Како што изјавија за „Мета“ од Уставниот суд, одлучувањето по ова точка е одложено бидејќи судот работи во […]

Тодор Петров со иницијатива до Уставниот суд го оспори изборот на Џафери за спикер

мај 10, 2017

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров поднел иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Тој од судот барал да ја поништи одлуката за изборот на Џафери за претседател на Собранието, која беше објавена во „Службен весник“. Петров за телевизија „Телма“  изјавил дека очекува судот да […]

Субвенциите ќе може да се исплаќаат додека Уставниот суд не одлучи поинаку

мај 10, 2017

Субвенциите на земјоделците ќе може да се исплаќаат, пресече Уставниот суд, кој на денешената седница со мнозинство гласови донел одлука да поведе постапка за оценка на уставноста и на законитоста на членот 8-а од Изборниот законик и на членот 11 од Законот за спречување на корупција. Истовремено, Уставниот суд донесе и привремена мерка со која […]

За СЈО, Уставен, Врховен и за Кривичен суд, новото собрание ќе биде судбинско

декември 27, 2016

Периодот по конституирањето на новиот состав на Собранието на Република Македонија, за кое крајниот рок е 31 декември, ќе биде нова реалност за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и за најважните судови во земјава – Врховниот, скопскиот Кривичен и Уставниот суд, кои тешките прашања ги оставија за решавање по изборите. Новата постизборна реалност, која првите црти од својот […]

СКСМ: Владата има голем удел во стопанството и тоа е проблематично

ноември 11, 2016

Економските забелешки во извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ се совпаѓаат со ставовите на Стопанска комора на Северозападна Македонија (СКСМ) за економските политики на државата, истакна директорот на оваа комора, Фатмир Бикиќи. Тој потенцираше дека постојано укажуваат на проблемите кои се нотирани во овој извештај и потребно е сите забелешки сериозно да се земат […]

Уставен суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата

октомври 5, 2016

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата од претседателот Ѓорге Иванов, затоа што тие повеќе не постојат во правниот поредок и не можат да бидат да бидат оценувани, објави „Академик“. Известителот за иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата, уставната судијка Гзиме Старова, смета дека Уставниот суд треба да ја отфрли иницијативата. […]

Заев со писмо ги предупредува амбасадорите дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не сакаат фер избори

септември 23, 2016

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е загрижен дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не сакаат да има фер и демократски избори, соопштија од СДСМ. Тој со писмо им се обрати на амбасадорите кои се гаранти на Договорот од Пржино. Во писмото Заев пишува дека носењето на буџетот за 2017 година еден месец пред распуштање на Собранието и тоа што […]

ВМРО-НП предлага преку амандмани СЈО да стане дел од Уставот

јуни 28, 2016

ВМРО – Народна партија предлага Собранието да донесе амандмани што ќе станат дел од Уставот, а со кои ќе се потврди уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), велат од партијата на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски. Оттаму бараат сите политички партии во Собранието едногласно да ја поддржат оваа иницијатива, како во случајот […]

Шилегов: Уставен суд да се стави во одбрана на правото и на правдата

јуни 14, 2016

Уставниот суд утре има шанса да покаже дека правото и правдата може да им бидат поважни од исполнувањето на желбите на Никола Груевски, рече денеска на прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. – На седницата закажана за утре, Уставниот суд има можност да се изјасни околу иницијативата за оценување на уставноста на законот за Специјално […]

Почна процедурата за утврдување на уставноста на СЈО

јуни 11, 2016

Уставниот суд ќе се произнесе за поднесената иницијатива за оценување на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство, објави телевизија „Телма“. По осум месеци чување во фиока, предметот веќе е доделен кај судија известител. Можно е да се најде на дневен ред на седницата закажана за среда. Познавачите на оваа материја сметаат дека судот нема да […]

Шилегов: Создадени се услови за неопходна лидерска средба

јуни 11, 2016

Исполнети се двата услови за да се одржи неопходна лидерска средба за спроведување на брзи, фер, слободни и демократски избори, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. – Исполнети се двата услови, а тоа е одложување на изборите поради неисполнети услови и укинување на аболицијата. Оттука се создадени услови за лидерска средба. Неопходно е да има лидерска средба или […]

Уставниот суд ја одложи расправата за крстот во Бутел

мај 31, 2016

Уставниот суд ја одложи расправата по иницијативата околу уставноста и законитоста на одлуката за поставување на 55-метарскиот крст во Општина Бутел и оваа точка ќе се најде на дневен ред на некоја од наредните седници на судот. Како што дознаваме од Уставниот суд, судијата известител за овој предмет, Владимир Стојановски без конкретно образложени ја повлекол […]

Крстот во Бутел на дневен ред на следната седница на Уставниот суд

мај 26, 2016

Уставните судии на следната седница закажанa за 31 мај ќе ја разгледуваат иницијатива околу уставноста и законитоста на одлуката за поставување на крст во Општина Бутел, што ги крена тензиите кон крајот на фавруари и почетокот на март оваа година. Разгледувањето на оваа иницијатива е 11. точка од дневниот ред на седницата. „Преглед на иницијативи […]

Ахмети: Уставниот суд денеска донесе правилна одлука

мај 18, 2016

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја поздрави денешната одлука на Уставниот суд, посочувајќи дека станува збор за прв, неопходен чекор во решавањето на политичката криза. „Jа поздравувам денешната правилна одлука на Уставниот суд која овозможува враќање во Собрание како прв чекор, неопходен за решавање на тешката политичка криза. Ги поканувам сите лидери, […]

Уставниот суд ги замрзна изборите и изборната кампања

мај 18, 2016

Уставниот суд на денешната седница, покрај одлуката за поведување на постапка за оценување на уставноста на распуштањето на Собранието, донесе и времена мерка со која ги замрзна сите активности кои произлегуваат од спорните одлуки за распуштање на Законодавниот дом. Ова, како што појаснуваат од Уставниот суд за „Мета“, значи дека запираат сите дејствија, вклучително изборите, […]

ФРОДЕМ со иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на деловникот

март 18, 2016

ФРОДЕМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста на некои одредби од актуелниот деловник на Уставниот суд. Како што стои во соопштението на ФРОДЕМ, со оваа иницијатива бараат да се поништат  одредби од деловникот на Уставниот суд кои се во директна спротивност со Уставот на Македонија, односно на постапката за […]

Тодор Петров бара процена за уставноста на Специјалното обвинителство

ноември 7, 2015

Уставниот суд на Република Македонија потврди дека до нив стигнала нова иницијатива за оцена на уставноста на Специјалното јавно обвинителство, која ја поднел претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, објави „Алсат М“. Со тоа, во Уставниот суд сега има две барања што можат да ја турнат Катица Јанева од неодамна стекната функција. Таква иницијатива веќе поднесе адвокатот […]

Страна 1 од 1