Втората вонредната состојба од Пендаровски за уставните судии не е спорна

-

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба, се наведува во соопштението на Уставниот суд. Станува збор за втората по ред вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски во април, а која што сè уште трае.

Уставните судии со мнозинство гласови одлучија дека одлуката за вонредна состојба на претседателот Стево Пендаровски не може да биде ставена под знак прашање.

Одлуката на судиите да не поведат постапка за второто по ред прогласување вонредна состојба следува откако Уставниот суд претходно не ја доведе во прашање ниту првата вонредна состојба што беше прогласена од претседателот Пендаровски во март.

Шефот на државата два пати прогласи вонредна состојба од по 30 дена поради сериозноста на ситуацијата со епидемијата на новиот корона вирус во земјава.

Уставот му дава можност на Претседателот на РСМ да прогласи вонредна состојба кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70 тони жива,...

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Прилепчанецот што уби татко и син легално поседувал оружје и претходно пукал во кафеана

Прилепчанецот Петар Ѓ. (62), кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по вооружен судир со полицијата, и во минатото бил пријавен за...

Филипче: Македонија не смее да биде жртва на дезинформациски кампањи

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската унија, се...

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70...