fbpx

Уставен суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата

-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата од претседателот Ѓорге Иванов, затоа што тие повеќе не постојат во правниот поредок и не можат да бидат да бидат оценувани, објави „Академик“.

Известителот за иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата, уставната судијка Гзиме Старова, смета дека Уставниот суд треба да ја отфрли иницијативата.

„Во овој случај, имајќи ги предвид наведените уставни и деловнички права и, пред сè, фактот што оспорените одредби по поднесувањето на иницијативата престанале да важат и со самото тоа веќе не се дел од правниот поредок, цениме дека не постојат процесни претпоставки за нивно оценување, односно не можат да бидат предмет на оценување на уставноста пред овој суд“, рече Старова.

На 12 април годинава, претседателот Иванов ги донесе одлуките за помилување на 56 политичари и нивни соработници. Тоа предизвика револт кај граѓаните и тие во повеќе градови низ Македонија излегоа на улица за да го искажат револтот.

По силниот домашен и меѓународен притисок, на 27 мај претседателот Иванов ги повлече аболициите само за политичарите, а подоцна, на 6 јуни, беа повлечени сите аболиции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...