Шилегов: Создадени се услови за неопходна лидерска средба

-

Исполнети се двата услови за да се одржи неопходна лидерска средба за спроведување на брзи, фер, слободни и демократски избори, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Исполнети се двата услови, а тоа е одложување на изборите поради неисполнети услови и укинување на аболицијата. Оттука се создадени услови за лидерска средба. Неопходно е да има лидерска средба или политички дијалог за што е можно поитно да се договорат и исполнат условите за да може Република Македонија да спроведе брзи, фер, слободни и демократски избори – додаде Шилегов.

Шилегов во изјавата за медиуми рече дека приоритет за Уставниот суд треба да биде уставноста на Законот за СЈО затоа што само така ќе се обезбеди непречена работа на единствената независна институција којашто вистински се бори против криминалот и корупцијата.

– Граѓаните знаат, Уставниот суд за само пет дена поведе постапка и за само седум дена да донесе одлука за иницијативата на ДУИ. Повеќе од осум месеци Уставен суд не прави ништо околу иницијативата за законот за СЈО и го држи во заложништво судството и владеењето на правото. Тоа е недозволиво. Никој не е над правото и над правната држава. Граѓаните мора да бидат сигурни дека пред законите се сите еднакви, исти се и граѓаните и политичарите. Само на тој начин Договорот од Пржино може да преживее – рече Шилегов.

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица, од кои...

Уредниците на Јунајтед Медиа со апел до меѓународната јавност по ненадејната смена на раководството

Вработените во Јунајтед Груп синоќа биле известени преку корпоративно писмо дека основачот на компанијата и претседател на Советодавниот одбор, Драган Шолак, како и извршната директорка Викторија Боклаг, се разрешени од своите...

Кривична постапка против скопјанец кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка против 32-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ согласно член 297 став 1 од Кривичниот...

Трамп му се закани на иранскиот лидер, побара „безусловна капитулација“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот упати жестоки закани до иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека е „лесна мета“ и дека „трпението на САД се истрошува“, притоа барајќи од Техеран...

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица,...