fbpx

Од март досега реализирани 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните

-

Започнувајќи од март месец годинава, реализирани се околу 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните за време на пандемијата со ковид-19, информираат од ЈЗУ Клиника за психијатрија.

„Првата телефонска линија за психолошка поддршка која беше отворена на 15 март 2020 година за возрасни во самоизолација во текот на целиот период, вклучувајќи ги викендите и празниците, која е достапна секој ден од 8 до 20 часот, има реализирано повеќе од 2.200 разговори“, додаваат од Клиниката.

Во текот на месец март се отворија уште две други телефонски линии, од кои едната за психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст од страна на ЈЗУ Универзитетска Клиника за психијатрија Скопје, како и други телефонски линии за психолошка поддршка на лица од различни категории во соработка со УНИЦЕФ – Психолошка поддршка на родители на деца со пречки во развојот и Психолошка поддршка на адолесценти, на кои вкупно се реализирани повеќе од 500 разговори.

Исто така, 1000 разговори се реализирани на целните линии кои беа отворени за поддршка на лица од различни категории вклучително и психолошка поддршка на албански јазик, како и поддршка на жителите на Дебар и Центар Жупа во периодот на карантин на тие општини. Додека пак, на телефонската линија за поддршка на жени во бременост и после породување се реализирани 50 разговори.

Во моментов активни линии за граѓани од различни категории се следните:
Психолошка поддршка на возрасни лица 072/919-009;
Психолошка поддршка за деца, адолесценти и нивни родители 072/912-979;
Психолошка поддршка за жени во бременост и после породување 078/378-766 и
Психолошка поддршка на албански јазик 070/291-657

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска со двојна предност пред Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ

Од обработените 50 отсто од резултатите на вториот круг претседателски избори и од парламентарните избори, може да се заклучи дека досегашната владејачка СДСМ доживува катастрофален пораз. Кандидатката за претседател поддржана...