fbpx

Владимир Панчевски осуден на три и пол години затвор за злоупотреба на АКМИС системот

-

Поранешниот претседател на Кривичниот суд-Скопје, Владимир Панчевски е осуден на три и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, поради рачно доделување на предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Судијката Валентина Ѓорѓиевска од Основниот суд во Велес вечерва ја објави пресудата.

Обвинителството го товареше Панчевски за распределба на рака на 40-тина предмети кај одредени судии во периодот од 2013 до 2016 година. Најголем дел од овие предмети биле од Обвинителството за организиран криминал, а два предмети биле поврзани со нелегално прислушуваните разговори и со СЈО. На тој начин, обвинетиот поранешен судија потешко го прекршил правото на еднаков пристап пред суд во заштита на правата на странките и правно заснованите интереси.

Судењето на Владимир Панчевски започна минатиот месец. Тој претходно на 15 јули сам се пријави во истражниот затвор во Шутка, откако три дена не беше достапен за полицијата и откако претходно не се појави на судското рочиште закажано за 10 јули.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...