fbpx

ЦИВИЛ: Нотирани помали изборни нерегуларности помеѓу кои и еден случај на лажна вест

-

Мониторингот на ЦИВИЛ што ги следи изборите бележи еден случај на лажни вести во периодот од 13 до 16 часот. Оттаму информираат дека во изборно место 2476 во Гази Баба еден гласач за Канал 5 дал изјава, откако гласал, тврдејќи дека параванот бил низок и дека набљудувачите му сугерирале за кого да гласа. Според набљудувачот на ЦИВИЛ, не е вистина дека некој му сугерирал на граѓанинот за кого да гласа.

ЦИВИЛ информира дека одлучи да ги повлече своите набљудувачи од двете избирачки места во Бутел по провокациите од ИО на изборните места 2920 и 2920/1.

„На најразлични начини, набљудувачите се под притисок. Нашите набљудувачи ги обвинуваат дека наводно заработуваат 5-6 илјади денари, па ги прашуваат зошто постојано кружат и слично“ велат од ЦИВИЛ.

Набљудувачите на ЦИВИЛ бележат организиран превоз на гласачи во Штип. Исто така, забележан е автомобил како неколку пати носи гласачи, до и од ИМ 1385 во Прилеп. Претседателот и еден член на ИО не носат заштитна опрема, ниту пак ја одржуваат потребната дистанца.

Граѓанка гласала без да биде проверена со УВ ламбата на ИМ 2808, во Завод за рехабилитација во Центар. Член на ИО на истото изборно место на глас ги чита имињата на гласачите, а нотирани се 6 вакви случаи во ИМ 2908, во истиот објект, информираат од ЦИВИЛ.

Во основното училиште Св. Климент Охридски, во Делчево, во изборните места 581, 582 и 583 нотирани се 5 случаи на гласачи што ги нема на Избирачки список, а личните карти им се издадени во февруари 2020 година.

Во основното училиште „Ѓоргија Пулевски“ во Аеродром еден граѓанин влегол да гласа со партиски симболи на одредена политичка партија, било интервенирано од полицијата и лицето е приведено.

На Изборното место 2243 во општина Чашка, дошол повозрасен граѓанин, кој застанал зад параванот да гласа. Излегол од изборното место и не го ставил гласачкото ливче во кутијата, туку заминал, откако претходно потпретседателот на ИО му ја вратил личната карта. По него влегла да гласа негова роднина, која ги ставила двете ливчиња во гласачката кутија. Потпретседателот на тоа искоментирал: „Сега, бидејќи имаме човек од ЦИВИЛ тука што нѐ гледа, ајде да не трошиме време за вакви ситници“, информираат од ЦИВИЛ, додавајќи дека настанот не влегол во записник.

Во изборно место 1064/1 ИО му дозволи на едно лице да изврши асистенција на гласач со попреченост на видот, меѓутоа „асистентот“ не помогнал, туку му кажал на гласачот каде да заокружи.

Им 2936/1 општина Чаир во ОУ Имри Елези, ИО ги постави параваните еден зад друг, иако претходно биле нормално поставени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...