вторник, 12 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: неправилности | 29 резултати

Од Кванташки пазар одземени 15 тони овошје и зеленчук, Владата најавува кривични пријави

април 26, 2023

Прекршочни налози се издадени за Кванташки пазар, за увозници на овошје и зеленчук како и за субјекти во трговијата на мало, а ќе следат и кривични пријави за трговски субјекти за кои е утврдено затајување на плаќање данок. Ова денеска го соопштија на заедничка прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши заедно со Директорот на Државниот […]

Ревизорите откриле недоследности во работата на Стоматолошкиот клинички центар

јуни 15, 2022

Државниот завод за ревизија денеска ги објави ревизорските извештаи од извршената ревизија во Универзитетскиот стоматолошки клинички центар. Ревизорите утврдиле дека несоодветно бил применуван Законот за јавни набавки, потоа, дека е нарушена независноста на единицата за внатрешна ревизија, пописот не е спроведен во целост, не е воспоставена евиденција на потрошувачката на залихи по организациони единици и […]

Порталб: АКМИС со кој манипулираа судиите ќе биде надграден, кога и како не се знае

октомври 1, 2021

Електронскиот систем за распределба на судски предмети, во јавноста познат како АКМИС ќе се надгради, бидејќи во претходниот период истиот беше злоупотребен од трите најважни судови во земјата, Кривичен, Апелационен и Врховен. Сепак, не е познато кои ќе бидат новините и кога се очекува да заврши имплементацијата, пишува Порталб.мк. Направена е анализа на функционирањето на […]

ЦИВИЛ: Нотирани помали изборни нерегуларности помеѓу кои и еден случај на лажна вест

јули 15, 2020

Мониторингот на ЦИВИЛ што ги следи изборите бележи еден случај на лажни вести во периодот од 13 до 16 часот. Оттаму информираат дека во изборно место 2476 во Гази Баба еден гласач за Канал 5 дал изјава, откако гласал, тврдејќи дека параванот бил низок и дека набљудувачите му сугерирале за кого да гласа. Според набљудувачот […]

Мирен почеток на изборниот ден, набљудувачите на ЦИВИЛ бележат мал број нерегуларности

јули 15, 2020

Забележани се одреден број инциденти, со кршење на изборниот молк и негативна кампања до отворањето на избирачките места утрово, а самиот процес на гласањето од 7 часот е одбележан со многу мал број нерегуларности, во Кочани и Брвеница, и непочитување на заштитните мерки за ковид-19 во Чаир, соопшти претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, на првата […]

Симболична е бројката на пријави, имавме најмирен ден на гласање, вели Бајрами

септември 30, 2018

Симболична е бројката на пријави пристигнати до привремената комисија формирана од Јавното обвинителство на РМ за евентуални противправности при спроведувањето на референдумот. -Генерално можам да заклучам дека атмосферата беше мирна, немаше поголеми нарушувања на редот и мирот за време на гласањето во текот на денешниот ден. Можеме да заклучиме дека денешното гласање на референдумот е […]

Фотографирано ливче во Центар, фалат гласачки ливчиња во Грчец

септември 30, 2018

Министерството за внатрешни работи информираше дека се регистрирани шест нови инциденти за време на референдумското изјаснување по претходно евидентираните 13. По добиена пријава од Општинската изборна комисија дека во основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје девојка која гласала со пенкало на кое имало камера, го сликала гласачкото ливче или присутните во просторијата, полициски службеници излегле […]

Лукаревска: Неиздавање на фискални сметки, најчеста злоупотреба откриена од УЈП

мај 31, 2018

Неиздавањето на фискални сметки и сомнителното сторнирање на сметките се најчестите злоупотреби што ги открила Управата за јавни приходи (УЈП) во последните контроли што ги спровела во периодот од 19 април до 22 мај годинава. – Најчести неправилности утврдени со контролите се неиздавање фискални сметки, односно користење на компјутерски сметки/маркери како замена на фискални сметки, […]

Алаѓозовски: Музичките субвенции биле алатка за купување послушност на уметниците

јануари 12, 2018

Министерството за култура испратило инспектори во Македонската радио-телевизија (МРТВ) во врска со одлуките за субвенции за поддршка на домашната музичка продукција, кои констатирале дека роковите за носење на овие одлуки биле „длабоко пробиени“ и поради тоа треба да бидат поништени, соопштија од Министерството од каде велат и дека не само што нема да одобрат исплата […]

„Мост“: Вториот круг од изборите помина во мирна и демократска атмосфера

октомври 30, 2017

Прелиминарната оценка на граѓанската асоцијација „Мост“ за вториот круг од локалните избори е дека гласањето се спровело во фер и демократска атмосфера. Според „Мост“, институциите имале брза и ефикасна реакција во текот на гласањето во однос на забележаните неправилности во и надвор од гласачките места. „Во овој изборен круг, исто така беа отстранети техничките предизвици […]

„Мост“ констатираше прекин на електрична енергија на 9 гласачки места во Тетово

октомври 29, 2017

Граѓанската асоцијација „Мост“ на последната прес-конференција информирапе дека на вториот круг на локалните избори нивните набљудувачи забележале непочитување на постапката на гласање, присуство на неовластени лица и фотографирање гласачко ливче. На девет гласачки места во општина Тетово имало прекин на електричната енергија еден час, но гласањето продолжило. Во општина Чаир, гласач гласал без претходно да […]

„Мост“ регистрирала нефункционирање на УВ-ламбата на неколку избирачки места

октомври 29, 2017

Семејно гласање во општина Шуто Оризари, нефункционирање на УВ-ламбата на неколку избирачки места, како и фотографирање на избирачките ливчиња, забележале набљудувачите на граѓанската асицијација „Мост“ до 17 часот. Во општина Шуто Оризари имало три случаи во кои членовите на избирачките одбори им помагале на лица да гласаат и им укажувале за кого да гласаат. „На гласачкото место […]

„Цивил“: Регистрирано е семејно гласање, кршење на молкот и закани по набљудувачите

октомври 29, 2017

Невладината организација „Цивил“ нотирала три случаи на притисок врз нивните надзорни тимови и тоа во општините Штип, Кавадарци и Сарај, информираат од таму. Поради, како што велат, крајно сериозните закани, „Цивил“ ги повлече набљудувачите од село Ласкарци, општина Сарај. Заканите дошле од член на избирачкиот одбор, кој било револтиран од присуството на набљудувачите на „Цивил“, […]

Излезноста на гласачите до 13 часот изнесува 24,38 отсто, информира ДИК

октомври 29, 2017

Излезноста на гласачите до 13 часот на сите 1.517 избирачки места изнесува 24,38 отсто, информираше Државната изборна комисија. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, рече дека највиоска е излезноста во Демир Капија – 48,91 отсто, а најмала во Јегуновце – 12,77 проценти. Таа информираше дека до ДИК не се доставени официјални известувања во врска со нерегуларности за […]

„Мост“: Нема неправилности на гласачките места, гласањето почна навреме

октомври 29, 2017

Гласањето се одвива тековно и досега нема информации за какви било неправилности на гласачките места, информираа од граѓанската асоцијација „Мост“. Според информациите од нивните набљудувачи и од регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои „Мост“ има распоредено свои набљудувачи. Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат […]

ВМРО-ДПМНЕ до Управниот суд ќе поднесе жалби за сите приговори одбиени од ДИК

октомври 21, 2017

ВМРО-ДПМНЕ ќе го искористи правото на жалба пред Управниот суд за сите приговори за локалните избори на 15 октомври, што беа одбиени од Државната изборна комисија, соопштија денеска од опозициската партија, додавајќи дека нема да дозволат некој да ја уништува демократијата и правната држава во Република Македонија. Рокот за поднесување жалби до Управниот суд е […]

Поднесени три барања за утврдување одговорност на судија од почетокот на годината

октомври 10, 2017

Советот за утврдување на факти до Судскиот совет поднел три барања за поведување постапка за утврдување одговорност за судија, стои во извештајот на Советот за утврдување на факти и за поведување постапка за утврдување одговорност на судија за периодот од 1 јануари до 30 септември годинава. Инаку, Советот за утврдување факти, во првите шест месеци […]

АВМУ вели дека не сака да зависи од Владата, невладините денеска ќе кажат што не одговара

септември 28, 2017

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски, вчера порача дека со укинувањето на радиодифузната такса и финансирањето на Агенцијата од страна на bуџетот ќе се наруши независноста на оваа институција. Денеска неколку невладини организации ќе презентираат извештај токму за АВМУ. – Укинувањето на радиодифузната такса и финансирањето од буџетот значи целосно уривање […]

Серија нарушувања на тајноста и поткуп на гласачи, забележале набљудувачите на „Мост“

декември 11, 2016

Набљудувачите на граѓанската асоцијација „Мост“ во текот на денешното гласање забележале гласање на гласачи кои не биле запишани во избирачкиот список, некои избирачки одбори не ги проверувале гласачите дали имаат траги од мастило како доказ дека гласале претходно, на некои избирачки места била нарушена тајноста на гласањето, а имало и обиди за семејно гласање. Набљудувачите […]

„Мост“: Се зголемува бројот на нерегуларности и прекршувања на изборниот процес

декември 11, 2016

Граѓанската асоцијација „Мост“ соопшти дека досега во текот на избирачкиот ден се забележани повеќе нерегулгарности во изборниот процес. Од „Мост“ соопштуваат дека на гласачкото место 0473, општина Маврово и Ростуше, член на избирачкиот одбор ги евидентира гласачите кои гласаат во посебен список и истиот го предал на неовластено лице. На гласачкото место 0558, општина Центар […]

Страна 1 од 2