fbpx

Корона вирусот во мај го намали за 5,1 отсто бројот на вработени во индустријата

-

Индексот на бројот на работниците во индустријата во мај 2020 година, во однос на мај минатата година, изнесува 94,9, односно за една година е намален за 5,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во мај годинава, во однос на истиот месец лани забележал опаѓање од 0,9 отсто, во преработувачката индустрија од 5,6 отсто, а кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација имало намалување на бројот на вработените за 0,4 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2020 година, во споредба со мај 2019 година, има опаѓање кај енергијата за 0,4 отсто, интермедијарни производи, освен енергија, за 6,1 отсто, капитални производи за 2,7 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 8,5 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,1 отсто.

Во првите пет месеци, пак, од јануари до мај годинава индексот на бројот на работниците во индустријата, во однос на истиот период лани, изнесува 95,8 односно бележи намалување за 4,2 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гласањето е мирно и без проблеми, МВР не регистрира посериозни нарушувања на редот и мирот

Министерството за внатрешни работи не регистрирало посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето за парламентарните и претседателските избори денеска. Како што информира портпаролот на МВР...