fbpx

Над 300 починати од ковид-19 досега во земјава, денеска регистрирани 126 нови случаи

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје 66, Куманово 6, Штип 15, Прилеп 3, Тетово 19, Струга 2, Велес 2, Битола 1, Кавадарци 4, Гостивар 2, Пробиштип 2, Свети Николе 1 и Ресен 3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје 43, Штип 1, Битола 1 и Ресен 3.

Во изминатово деноноќие починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар. Со овие случаи, Македонија има повеќе од 300 жртви на ковид-19, поточно 302 починати.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Тетово (56 г.). Во ГОБ „8 Септември“ почината е пациентка од Скопје (56 г.). Во болницата во Гостивар починала пациентка на 71-годишна возраст, а во Прилеп 83-годишен пациент.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...