fbpx

Разрешен директорот на ЦЈЗ Скопје, Арбен Зибери, нов в.д. директор е Александар Стојанов

-

Министерството за здравство информира дека е разрешен в.д. директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р. Арбен Зибери. На негово место е назначен епидемиологот д-р Александар Стојанов.

„Одлуката следува откако Зибери на својот профил на Фејсбук, пласира неточни изјави изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот“, стои во соопштението на министерството.

Зибери на својот профил пред неколку дена напиша:

„Добродојдовте иселеници! Родното место ве очекува! Иселениците сега можат да се вратат дома без тест и без четиринаесетдневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики во Владата! Јас како член на Комисијата за заразни болести и други членови, помогнав да се отворат границите и луѓето да можат слободно да се движат без протоколи препорачани ос СЗО. Зошто не? Вратете се дома за албански премиер!“

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека ова е евтина и лоша предизборна реторика. Објасни дека Комисијата работи на основа на исклучиво медицински индикатори, на медицината, на епидемиологијата како наука.

– Ваква изјава не доликува на доктор, посебно не на човек кој раководи една таква институција – рече Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...