fbpx

Дечињата го дочекаа Дедо Мраз на скопскиот плоштад, новогодишната забава од 20:30 часот

-

Новогодишната магија на „Винтерленд“ денеска ја надополни доаѓањето на Дедо Мраз кој меѓу насобраните деца на плоштадот „Македонија“ пристигна точно во 12 часот, и тоа на електричен тротинет. Доаѓањето на Дедо Мраз предизвика радост меѓу најмладите на плоштадот кои се фотографираа со својот омилен лик, пееја новогодишни песни и се радуваа.

Како што информираат од Град Скопје, на присутните деца на плоштадот „Македонија“ им се обрати и градоначалникот Шилегов и им посака добро здравје, среќа и успех во учењето во Новата 2020 година. Детската новогодишна програма на „Винтерленд“ денеска ја збогатија и хитовите од Златно славејче.

Градските власти се подготвени и за дочекот на новогодишната ноќ. Подготвена е бината за настапот на музичките гости Gipsy Groove, Суперхикс и Дино Мерлин, коишто се задолжени да ги забавуваат Скопјани и посетителите на градот. Дочекот на Новата 2020 година на плоштадот „Македонија“ започнува во 20:30 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека...