Дечињата го дочекаа Дедо Мраз на скопскиот плоштад, новогодишната забава од 20:30 часот

Новогодишната магија на „Винтерленд“ денеска ја надополни доаѓањето на Дедо Мраз кој меѓу насобраните деца на плоштадот „Македонија“ пристигна точно во 12 часот, и тоа на електричен тротинет. Доаѓањето на Дедо Мраз предизвика радост меѓу најмладите на плоштадот кои се фотографираа со својот омилен лик, пееја новогодишни песни и се радуваа.

Како што информираат од Град Скопје, на присутните деца на плоштадот „Македонија“ им се обрати и градоначалникот Шилегов и им посака добро здравје, среќа и успех во учењето во Новата 2020 година. Детската новогодишна програма на „Винтерленд“ денеска ја збогатија и хитовите од Златно славејче.

Градските власти се подготвени и за дочекот на новогодишната ноќ. Подготвена е бината за настапот на музичките гости Gipsy Groove, Суперхикс и Дино Мерлин, коишто се задолжени да ги забавуваат Скопјани и посетителите на градот. Дочекот на Новата 2020 година на плоштадот „Македонија“ започнува во 20:30 часот.