fbpx

Во Штип изминава година биле запалени 23 возила, од нив шест намерно

-

Изминатава година црната хроника од Штип беше полна со вести за запалени возила. Еден значаен дел од нив се однесуваше на скапи автомобили и луксузни џипови на луѓе од бизнисот. Новинарите и пожарникарите на крајот од годината заедно ги броеја запалените возила и стигнаа до бројка од 23. Полицијата објаснуваше дека бројката е преувеличена. Повеќето, според ова објаснување, се самозапалени, како резултат на лоша електрична инсталација или други дела „на виша сила“.

Меѓутоа, за шест возила, како што потврди СВР Штип,  се работи за кривично – правни настани. Меѓу овие шест возила се и двете сопственост на поранешниот претседател на СДСМ во Штип, Никола Тушев и на неговиот татко.  Додека јавноста излезе со шпекулации, истражните органи немаат одговор за причините и мотивите за палењето на возилата на Тушеви. Полицијата од овие шест случаи на намерно палење на возила, расветли само еден случај.  

– На 25.10.2019 година, СВР Штип до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.П.(36) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“. По однос на останатите пријавени кривично – правни настани, истрагата е во тек. СВР Штип интензивно работи, користејќи ги сите расположливи ресурси, сè со цел брзо, ефикасно и целосно расветлување на сите случаи – одговорија на новинарско прашање од СВР Штип.

Кривичната пријава за овој единствен расветлен случај е во Основното јавно обвинителство, од каде забележуваат на бавниот тек на истрагите од страна на полицијата, но и за начинот на кој се процесуираат овие случаи.

Во меѓувреме, се случи уште едно опожарување на луксузно возило. Овој случај уште толку ги засили шпекулациите дека криминална група за пари го спроведува на дело списокот за палење на возила на видни луѓе од Штип, кои таму се нашле од различни причини. Криминалната група се поврзува со човек од Штип, име од штипското криминално подземје, кој ја диригира акцијата, според едни шпекулации. Според други, потписот на запалените возила е од подземјето од Велес, кое користи странци за подметнување на пожарите.

Многу шпекулации остануваат непотврдени, а како што дознаваме, со цел побрзо расветлување на случаите, штипската полиција ангажирала инспектори во пензија да работат на овие случаи. На нашето прашање дали ова е точно, од полицијата кратко повторија дека „се користат сите расположиви ресурси“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...