fbpx

Облачно и ветровито време со слаб локален дожд

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната температура од седум до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до три, а дневната температура до 14 Целзиусови степени.

И утре ќе се задржи променливо облачно време, со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...