fbpx

Османи – Тачи: Добивањето датум за преговори ќе биде пресвртница за цел Западен Балкан

-

Затворивме исклучително комплексен и тежок спор меѓу Македонија и Грција, што претставува меѓудржавен дипломатски успех кој верувам ќе се наметне како начин на затворање на отворените прашања меѓу соседите во целиот регион, порачал вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со претседателот на Косово, Хашим Тачи.

На средбата се разговарало за напредокот во соработката меѓу двете земји, за европските перспективи на Западниот Балкан, како и очекувањата од претстојните самити на Европската Унија.

Според Османи, добивањето датум за преговори нема да биде само пресвртница за Македонија, туку и за европските перспективи на целиот Западен Балкан.
Во текот на работната посета на Косово, Османи ќе се сретне и со косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК проверува пријавени нерегуларности на изборниот ден во Липково

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница, проверуваат дали бројот на избирачки ливчиња од избирачкото место 1112 во Липково, соодвествува со бројот на гласачи од ова место...