fbpx

Судот ја комплетирал документацијата за екстрадиција на Грујовски и на Бошковски

-

Кривичниот суд во Скопје ја комплетирал потребната документација за екстрадицијата на поранешните началници во УБК, Горан Грујовски и Никола Бошковски, од Грција во земјава и ја доставил до Министерството за правда.

Грујовски и Бошковски беа уапсени на 18 октомври на аеродромот во Солун, досека со лажни бугарски пасоши се обидувале да отпатуваат за Будимпешта. Тие во моментов се во екстрадициски притвор во Солун, а на почетокот на декември треба да се појават пред солунскиот суд во врска со лажните бугарски пасоши, постапка која беше двапати одложувана бидејќи судот не успеа да обезбеди преведувач.

Грујовски и Бошковски се обвинети во случаите „Тврдина“ и „Таргет“ на Специјалното јавно обвинителство за незаконското прислушување и за уништување на опремата од прислушувањето.

Тие три месеци беа во бегство за да го избегнат притворот што им го одреди Апелацискиот суд, а беше потвреден и од Врховниот суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...