fbpx

ВМРО-ДПМНЕ без реакција на извештајот на ОБСЕ/ОДИХР

-

ВМРО-ДПМНЕ ја кажа својата оценка за изборниот процес, а дали и колку се совпаѓа таа со извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за изборите, не знам…, одговори Иво Котевски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, на прашање од „Мета“ дали партијата ќе има реакција на вчерашната оценка за телото на ОБСЕ што ги следи изборните процеси. Инаку, ОБСЕ/ОДИХР зборуваше за напредок во спроведувањето на изборите.

– Иако процесот сè уште не е завршен, на овие избори се виде напредок во демократскиот процес на оваа земја и довербата на гласачот во изборниот процес се зголемува. Се надеваме дека ова ќе продолжи и во вториот круг – изјави вчера амбасадорката Одри Гловер, шеф на мисијата за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР.

Го прашавме Котевски дали највисоките партиски тела, односно извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе заседаваат наскоро, бидејќи партискиот лидер Никола Груевски неколку часа по завршувањето на првиот круг гласање обвини за недемократска атмосфера, нефер услови и за злоупотреби, а најави дека за изборниот пораз ќе се расправа наскоро во рамките на ВМРО-ДПМНЕ. Котевски појасни дека медиумите ќе бидат информирани кога ќе има седници на телата.

Инаку, во првото соопштение што ВМРО-ДПМНЕ го испрати до медиумите во последните 36 часа, се вели дека насилствата продолжуваат и по изборите, реагирајќи за нападот врз претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, и за уште два инцидента.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...