fbpx

Груевски обвини за нерегуларности, најави анализа на поразот, но не спомна оставка

-

„По изборите ќе следува анализа за да се утврди што, покрај сите нерегуларности, беше погрешно направено, поради што не добивме поголема поддршка на овие избори. Јас како претседател имам голема одговорност, а за сето тоа, за причините, резултатите, за идниот правец ќе се дискутира во идниот период, по завршувањето на изборите“, порача вечерва на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Прашан од новинарите дали ќе си даде оставка по поразот, тој не даде конкретен одговор, туку само посочи дека кажал што имал, а партијата во идниот период ќе го анализира изборниот пораз.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на обраќањето им се заблагодари на сите што гласале, а пред сè на гласачите за неговата партија и на партиските активисти, но обвини и за изборни нерегуларности и за злоупотреба на полицијата.

– Првиот круг од локалните избори помина во недемократска атмосфера, беа креирани нефер услови во кои се одржаа изборите. Имаше закани врз нашите кандидати за градоначалници, се креирираше страв. Полицијата имаше главна улога во заканите и беше ставена во партиска функција. Добивме огромен број пријави за обиди за поткуп на гласачи – рече Груевски.

Тој потоа посочи и дека во текот на денешниот ден имало злоупотреба на полицијата.

– Денешниот изборен ден помина со бројни нерегуларности. Беше регистрирана злоупотреба на државни ресурси, имаше обиди за поткуп, а граѓани масовно се превезуваа до гласачките места. Имаше манипулации со гласачки ливчиња и на некои места имаше и ливчиња од други општини. Првпат полициски возила кружеа со активисти на СДСМ и ова имаше влијание – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, најавувајќи жалби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...