fbpx

СДСМ: Новата влада се обврзува дека ќе ја почитува слободата на медиумите

-

„Македонија ќе биде земја на слободни, професионални и независни новинари и медиуми, како што доликува на една современа европска демократска држава, во каква што ќе ја претвориме заедно нашата земја“, се вели во соопштението на СДСМ по повод Денот на слободата на медиумите.

Во него се додава дека „СДСМ се придружува на ставот на ЕУ дека слободното изразување и известување на медиумите придонесува за смирување на тензиите и на разликите во општеството кога граѓаните навремено, транспарентно и неселективно ќе бидат информирани преку проверени вести низ квалитетно и етичко новинарство“.

„Достоинството што го покажаа новинарите и медиумските работници на денот на крвавото насилство во Собранието и просторот и одговорноста што ја покажаа одредени медиуми да информираат објективно за потресните случувања по демократските процеси во државата, дава надеж дека во Македонија може да биде рехабилитирана слободата на мислата, говорот и на изразувањето во опшествена смисла“, велат од СДСМ.

Од партијата изразуваат голема почит кон новинарите и кон медиумските работници во Македонија кои, како што велат, за време на десетгодишниот режим, вклучително и за време на крвавиот насилен инцидент во парламентот во четвртокот минатата недела, без задршка, посветено ја вршеа својата должност за вистината да допре до граѓаните.

„Новата влада ќе се обврзе да ја почитува и да ја заштити слободата на говор и слободата на медиумите како врвни демократски вредности на цивилизираните општества“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...