недела, 7 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: демократски процеси | 16 резултати

СДСМ: Демократските процеси продолжуваат, граѓаните да останат смирени

28 април 2017

Демократските процеси продолжуваат по легитимниот избор на нов претседател на Собранието на Република Македонија, порачаа од СДСМ во редовното утринско соопштение, а по вчерашните случувања и по насилството во Собранието, во кое беа повредени неколку пратеници, меѓу кои и лидерот на партијата, Зоран Заев. „Домашната и меѓународната јавност гласно ја поддржаа деблокадата на Собранието. Исто […]

Денеска нов собраниски обид за деблокада и за трансфер на власта

25 април 2017

Пред почетокот на денешното 18. продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во своите редовни утрински соопштенија ги повторуваат своите позиции за излез од политичката криза. Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат на одржување нови предвремени парламентатни избори, додека СДСМ порачува дека мора да има деблокада на демократските процеси и мирен трансфер на власта. […]

СДСМ: Блокадата на демократските процеси повлекува кривична одговорност

22 април 2017

Демократските процеси ќе продолжат и државата мора да профункционира во полн капацитет, бидејќи во прашање е доведена егзистенцијата на граѓаните и на фирмите поради неразумните блокади со кои се спречува мирен трансфер на власта, порачуваат од СДСМ во редовното утринско соопштение. „Министрите во заминување имаат технички овластувања. Престануваат за кратко време сите ингеренции на градоначалниците и […]

Заев со амбасадорската четворка: Македонија мора да ги продолжи демократските процеси

19 април 2017

Република Македонија мора да ги продолжи демократските процеси. Ова било констатирано на денешната средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Шведска и на Холандија во земјава, Кристине Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стефансон и Ваутер Пломп. – Парламентарното мнозинство од 67 пратеници е подготвено да ја реализира граѓанската волја за […]

Коцијанчич: Неизвесноста да заврши, влада мора да биде формирана без одложување

6 април 2017

Резултатите од неодамнешните парламентарни избори мора да се почитуваат, моменталната неизвесност да заврши и да се формира влада без понатамошни одложувања, изјавила портпаролката на Европската комисија (ЕК), Маја Коцијанчич, за „Радио Слободна Европа“. – Како што Европската Унија повеќепати истакна, вклучително и Европскиот парламент, резултатите од неодамнешните парламентарни избори мора да се почитуваат, моменталната неизвесност да […]

Туск до Иванов: Најдете решение засновано на демократски принципи и на здрав разум

3 април 2017

„Кризата ја носи земјата наназад и ваша задача е да најдете решение што ќе биде засновано на демократски принципи, пристојност и на здрав разум. Само такво решение ќе биде одржливо. Кога ќе го најдете, можете да сметате на нашата поддршка“, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на заедничката прес-конфренција со својот домаќин, претседателот на државата, […]

СДСМ: Пратениците на Груевски си газат по достоинството додека тој се крие на Малта

28 март 2017

Неопходно е сите политички субјекти и поединци во државата да ја сфатат својата обврска да овозможат да се реализира мнозинската волја на граѓаните, кои избраа промени, заедништво и очекуваат нова реформска влада, велат од СДСМ. Од партијата велат дека граѓаните на Република Македонија имаат итна потреба од деблокирање на демократските процеси и нагласуваат дека лидерот […]

Бошкоски ги повика „браќата и сестри вмровци“ да му дадат поддршка на Заев

27 март 2017

Излез од политичката криза преку прифаќање на волјата на најголемиот број граѓани на Македонија и формирање на реформска влада од страна на мандатарот, кој обезбеди 67 мандати. Ова се заклучоците од редовната седница на претседателството на партијата на Љубе Бошкоски – Обединети за Македонија, одржана вчера во Велес, соопштуваат од партијата. На редовната седница на […]

Тајани: Во некои земји од Западен Балкан нарушени се демократијата и стабилноста

9 март 2017

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, на почетокот на дводневниот самит на Европската Унија во Брисел, изјави дека во некои од земјите на Западен Балкан нарушени се демократијата и стабилноста. Тајани во својот говор на почетокот на заседанието на шефовите на држави и на влади на земјите членки на ЕУ рече дека „Европската Унија во […]

СДСМ: Иванов е должен веднаш да го даде мандатот на Заев

8 март 2017

Ѓорге Иванов да престане да го крши Уставот и да остава простор за лаги и за насилство, се вели соопштението на СДСМ, од каде повикуваат дека претседателот на државата е должен веднаш да го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на новата влада. „Мнозинството граѓани во Македонија гласаа за квалитетен живот, […]

Заев со амбасадорите: Неопходно е Иванов веднаш да го даде мандатот

7 март 2017

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со неговата заменичка Радмила Шекеринска, денеска имал средба со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Шведска и на Холандија во земјава, Кристине Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стефансон и Ваутер Пломп. На средбата, како што соопштуваат од партијата, била изразена загриженост од кочењето на демократските процеси во Македонија, по изборите на […]

Заев: Придонесот на САД за демократијата во Македонија е од огромно значење

21 јануари 2017

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска упати честика до претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод неговата инаугурација, во која изрази надеж дека САД ќе продолжат со поддршката за земјава на нејзиниот пат за евро-атлантска интеграција. „За граѓаните на Македонија од огромно значење е придонесот на САД во развојот на демократските процеси и почитувањето на човековите слободи […]

Страна 1 од 1