вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: држава | 91 резултати

Вакцинирани вкупно 186.146, а интерес пројавиле 376.793 граѓани

19 мај 2021

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.793 граѓани, информираат од Министерство за здравство. „На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 186.146 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле […]

Од полноќ до 10 часот наутро на Табановце излегле 2.139 лица, информира МВР

27 март 2021

На Граничниот премин Табановце во периодот од полноќ до 10 часот денеска влез/излез оствариле вкупно 3.234 лица, од кои на влез 1.095 лица, а на излез 2.139 лица, соопштија од МВР. Освен граѓаните од Македонија, во Белград се вакцинираат и граѓани на Босна и Херцеговина, јавува српски „Блиц“. Според пишувањата на овој медиум, на белградски […]

Порталб: Борбата против корупцијата не се води со изјави, потребен е конкретен ангажман и активности

29 јануари 2021

Политичката волја и изјави немаат смисла ако нема конкретни активности. Без намалување на корупцијата и борба против неа, нема да има развој. Исто така, кризата поради пандемијата не треба и не може да се земе како изговор за бавната и неефикасна борба против корупцијата. Ова е мислењето на експертите за прашања поврзани со корупцијата во […]

Државата го откупи гасоводот, решен деценискиот спор меѓу Макпетрол и Владата

29 декември 2020

Собранието со 60 гласа „за“, 30 „против“ и без воздражни го донесе Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол по пат на спогодба. Макпетрол и државата водеа спор за тоа кој има поголем удел во гасоводот, повеќе од 12 години. Во ноември 2019 година, Макпетрол АД Скопје и македонската Влада побараа медијација во […]

Државата со 10 милиони евра гаранција, на фирмите ќе им го олесни подигнувањето кредити

18 септември 2020

Воведување на државна гарантна шема, даночен календар и електронска фактура се некои од барањата кои министерот за финансии Фатмир Бесими за време на средбата во Стопанската комора на Македонија, им вети на стопанствениците дека ќе ги реализира во наредниот период. Стопанствениците побараа полесен пристап до капитал, особено сега во услови на светска економска криза, кога […]

Задолжителен ПЦР тест за косовските државјани кои влегуваат и транзитираат низ државата

10 септември 2020

Владата на третата седница донесе одлука за задолжителен ПЦР-тест за косовските државјани кои влегуваат од Република Косово и транзитираат низ државата. „Државјаните на Република Косово, кои влегуваат на територија на Република Северна Македонија од копнен граничен премин од Република Косово задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CiV-2 тест, направен 72 […]

МВР: При влез во државата потребен е PCR-тест и самоизолација од две недели

3 јуни 2020

Согласно одлуките и протоколите донесени од Владата во рамки на прогласената вонредна состојба на територијата на државата предизвикана од епидемијата од Ковид-19, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека при влез на наши граѓани во земјава, како и на странци но само со регулиран престој во државава, задолжително е на граничниот премин да биде […]

Жбогар се надева дека конечно ќе има одлука за старт на преговорите со ЕУ

4 март 2020

Северна Македонија ја заврши својата задача и сега на ред се земјите членки, но мислам дека ѕвездите се местат и се надеваме конечно да видиме одлука за старт на преговорите за членство, изјави амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар во интервју за ТВ „24“ „Вашата земја ја заврши својата задача, спроведувајќи ги сите реформи, […]

Само три отсто од младите се целосно задоволни со местото во општеството

18 декември 2019

Шест од 10 млади лица веруваат дека воопшто не можат да влијаат врз тоа како работат властите. Една третина од младите во Македонија веруваат дека земјата ќе биде подобро место за живеење за младите за пет години од сега. Шеесет отсто од младите веруваат дека државата ќе стане земја членка на Европската унија, додека 70 […]

Активни се девет пожари на територијата на целата држава

30 октомври 2019

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски, вели дека активни се девет пожари на територијата на државата, а дел се гаснат со „ер-тракторите“. На социјалните мрежи осамнаа фотографии кои наводно се направени од сателит и на кои се гледа чадот од пожарите во Македонија. „До овој момент до Дирекцијата се стигнати повеќе барања […]

Државата ќе обесштетува жртви на тешки кривични дела ако осуденикот нема пари

26 септември 2019

Министерство за правда подготвува предлог-закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела. Оттаму преку Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) објаснуваат дека причината за донесување на законот произлегува од потребата за усогласување со меѓународните стандарди и на одредби од Законот за кривичната постапка, каде што е пропишано дека жртвата на кривично дело […]

Добриот старт на Антикорупциска ја става на тест извршната власт и целото оштество

3 мај 2019

Иако до пред неколку денови се чинеше дека главна тема пред вториот круг од изборите ќе биде проблематичниот цензус за вториот круг од претседателските избори, на два дена пред гласањето тоа се чини дека е депласирано прашање и останува да се види кој ќе биде победникот. Но, затоа со своите постапки заслужува да биде издвоена […]

Претседателот Ѓорге Иванов стана фуснота на објавениот Закон за јазици

15 јануари 2019

По долгогодишната практика на некои држави и меѓународни организации при користење на името Република Македонија да додаваат и фуснота во која се објаснува дека Македонија има спор со Грција, која не го признава нејзиното име, и дека во Обединетите Нации земјава се води како Поранешна Југословенска Република Македонија, сега и претседателот на државата Ѓорге Иванов […]

Хант: Заев и Владата да работат со Парламентот за создавање на консензус за иднината

2 октомври 2018

На референдумот во Македонија гласачите ја искажаа својата желба за разрешување на долгогодишниот спор со нивниот сосед Грција за името на земјата и преземање позитивен чекор кон евроатлантска интеграција. Доколку се спроведе, Преспанскиот договор ќе ја подобри стабилноста во Македонија и поширокиот регион. Ова го истакна секретарот за надворешни работи на Обединетото Кралство, Џереми Хант. […]

АППТ: Туристите годинава потрошиле 64,7 милиони долари

6 август 2018

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), соопшти дека туристите во Македонија во првиот квартал потрошиле 64,71 милиони американски долари што е повеќе за 26,5 проценти во споредба со истиот период лани. „Една од активностите што ги реализира АППТ во насока на промоција на Македонија во странски земји, беше интензивирана и реализирана преку строго таргетирање […]

Мицкоски: Јас сум за иднина во која нема да се „проституираме“ како народ и држава

1 август 2018

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук-профил напиша дека тој е за иднина во која Македонија ќе ја водат принципиелни, чесни и од збор луѓе, а не аболицирани политичари, иднина во која политичарите што бараат мито ќе одат во затвор. „Иднина во која нема да се проституираме како народ и држава, затоа што уценети и неспособни […]

СДСМ: Граѓаните имаат историска можност да одлучат за иднината на државата

31 јули 2018

СДСМ, како одговорна и државотворна партија заедно со сите политички чинители кои се определени за напредок на Македонија, овозможи последниот збор за Договорот со Грција да го имаат граѓаните, се вели во соопштението на партијата. Од таму додаваат дека „на 30 септември, на демократски и непосреден референдум, граѓаните ќе имаат историска можност директно да одлучуваат […]

Хан: Несоодветно е претседател да одбие разговор со премиер, треба одговорност

14 јуни 2018

Несоодветно е за претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака, вели еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, во интервју за МИА. „Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно ги почитуваа уставните насоки и можам само да го повикам итно претседателот […]

СДСМ и коалицијата ќе ја поддржат Ангеловска Бежовска за гувернерка на Народна банка

17 мај 2018

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата в понеделник на координација ќе го разгледаат предлогот на претседателот Ѓорге Иванов, вицегувернерката Анита Ангеловска Бежоска да биде новата гувернерка на Народната банка. Координаторот Томислав Тунтев рече дека пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, позитивно гледаат на новиот предлог на Иванов. „Лично сметам дека Ангеловска Бежоска, која што е […]

Анкета: Економската состојба е лоша, но компаниите очекуваат дека ќе се подобри

10 мај 2018

Сегашната економска ситуација е оценета како полоша во однос на минатата година, покажува Анкетата за деловната клима во Македонија спроведена помеѓу членките на Македонско – германското стопанско здружение. Само 7 отсто од компаниите, моменталната економска состојба ја оцениле како добра, а 50 отсто ја оценуваат како лоша. – Кај компаниите има позитивното расположение во однос […]

Страна 1 од 5