fbpx

Молдавија го избра Додон за претседател

-

Прорускиот кандидат Игор Додон победи во вториот круг од претседателските избори во Молдавија.
По пребројувањето на 99 отсто од гласовите, шефот на Социјалистичката партија, Додон, има 52,3 отсто, соопшти изборната комисија, додека неговата проевропска противкандидатка Маја Санду доби 47,7 отсто од гласовите.

Целосните резултати од изборите ќе бидат објавени во текот на неделата.

Моладавија последен пат директно избираше претседател во 1996 година, а оттогаш парламентарците го избираа претседателот на државата.

Молдавија е една од најсиромашните земји во Европа. Податоците на Светкста банка говорат дека 41 отсто од граѓаните живеат со пет долари дневно. Постепеното отворање на европските пазари, за земјата не значеше и компензирање за губењето на големиот руски пазар.

Победата на прорускиот кандидат веројатно значи дека земјата ќе го прекине седумгодишниот процес на приближување кон Европската Унија.

Додон, поранешен министер за економија во владата под водството на комунистите, вети повторно воспоставување на стратешко партнерство со Русија и поништување на економскиот пакет од договорот за приближување кон ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 9 часот најмал во општините во Изборната едница 6

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори до 9 часот бил 4, 45 отсто, додека на претседателските избори 4,17 отсто. Според податоците на Државната изборна комисија, најмалата излезност за парламентарните...