fbpx

Во Велика Британија денеска протести против Брексит

-

Во повеќе британски градови денеска се планирани протести против излегувањето на Велика Британија од Европска Унија. Демонстрантите бараат да се паузира истапувањето и да продолжат блиските културни и економски врски со Европа.

Демонстрантите, исто така, бараат и владата повеќе да го консултира јавното мислење пред да ги почне преговорите.

За денеска се планирани собири во Лондон, Единбург и во Бирмингем.

Се очекува на демонстрантите да им се придружат и политичари и познати личности од забавниот и од културниот живот кои се против излегувањето на Британија од ЕУ.

Британија гласаше за напуштање на Унијата на референдум кон крајот на јуни, но почетокот на формалниот процес на излез не се очекува до крајот на годината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...