fbpx

Едно лице загина, а две се повредени во вооружена престрелка во Мала Речица

-

37-годишен жител од Мала Речица во вооружена престрелка го загуби животот. Во инцидентот кој се случил синоќа, половина час пред полноќ, прострелни рани добиле уште две лица од Тетово, кои се испратени на лекување на скопските клиники.

Инцидентот се случил на улица 188 во Мала Речица. Осомничени за убиството се две лица на возраст од 30 и 33 години, кои со возило дошле на улицата 188, каде биле ранетите и жртвата. Двете групи меѓусебно почнале да се расправаат и во еден момент лицето на возраст од 30 години извадилo пиштол и неколкупати го застрелал 37-годишникот и ги ранил неговите двајца другари.

Надлежните извршиле увид на местото на настанот. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово ги презема сите мерки и дејства за расветлување на причините што довеле до овој настан. Издадени се низа наредби, како за потрага по осомничените лица, така и за прибирање траги и за наоѓање докази за расветлување на настанот и за утврдување на факти во предметот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.