fbpx

Меркел: Клучно за укинување на санкциите кон Русија е примената на договорот за Украина

-

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази надеж дека овој месец ќе биде остварен значаен напредок во примена на мировниот договор за кризата на истокот во Украина. Таа наведе дека тој договор е клучен за укинување на санкциите на Русија.

– Договорот од Минск кој беше постигнат минатата година, претставува основа на која може да се изградат условите за укинување на санкциите кои Европската Унија ѝ ги воведе на Русија – рече Меркел.

Германската канцеларка повтори дека санкциите не се цел сами по себе и дека добрите економски односи меѓу ЕУ и Русија се во интерес на сите.

Таа додаде дека долгорочно гледано, заедничката економска област која се протега од Владивосток до Лисабон е идеја на која треба да се работи чекор по чекор.

ЕУ на крајот на јули се одлучи за продолжување на санкциите на Русија кои Брисел го воведе поради дејствувањето на Москва на истокот на Украина и анексијата на полуостровот Крим.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Куршумлија: Се урна вртелешка, повредени се 13 деца, од кои едно потешко

На саем во Куршумлија, Србија, се откорна дел од конструкцијата на вртелешка, при што се повредени тринаесет деца од кое едно потешко, пренесува српската РТС. Тринаесетгодишна девојка се здобила со...