fbpx

Димитриев не потпишал за Максути како за заменик министер за одбрана

-

Кандитатот за заменик министер за одбрана, Беким Максути, кој е дел од списокот на ДУИ за нови кадри во Владата од оваа партија, го нема во предлогот за избор на нови министри и заменици министри што премиерот Емил Димитриев го доставил до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Ова може да се види во официјалниот документ доставен од Владата до Собранието, објавен на интернет-страницата на законодавниот дом, во материјалите за денешната седница.

Шпекулациите се дека Максути е предлог со кој не се согласува ВМРО-ДПМНЕ, а како причина се наведува тоа што тој во 2012 година, заедно со тогашниот министер за одбрана Фатмир Бесими, во униформа на АРМ се поклни пред споменикот на ОНА во Слупчане.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за денеска напладне закажа седница на која пратениците ќе треба да ги изгласаат новите министри што ги предложи Демократската унија за интеграција.

Вчера Собранието ги констатираше оставките на претходните министри во Владата од редовите на ДУИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...