fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Се реализираа низа проекти од интерес на младите

-

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на соопштението на СДСМ за мерките што лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, ги најави пред младите во Младинскиот културен центар.

– Само во последните два месеци, владата на ВМРО-ДПМНЕ промовираше дури 20 проекти од кои добивките ги ползуваат сите млади лица во земјата. Денеска беа промовирани шест проекти што се од интерес на младите. Изминатите години се реализираа уште низа проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живеење и образованието на младите во Македонија – се вели, меѓу другото, во соопштението на владејачката партија.

Оттаму додаваат дека „добрата вест за социјалдемократската младина е што владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за нивната иднина, еднакво како и за иднината на сите млади лица во земјата, за кои се наменети проектите кои се преземаат континуирано“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...