fbpx

Бејли и Орав разговараа со директорот на АВМУ, Трајчевски

-

Амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, се сретнале со директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски.

– Средбата е одржана во рамките на мисијата на ЕУ и на САД, во периодот пред распуштањето на Собранието и не подоцна од 20 февруари, во консултации со меѓународни и со локални експерти, да оценат дали се исполнети условите да се одржат кредибилни избори на 24 април – стои во соопштението на Агенцијата.

При оценувањето, како што посочиле амбасадорите Бејли и Орав, предвид ќе биле земени неколку мерливи критериуми: прочистен избирачки список, работењето на Државната изборна комисија, слободата на медиумите и слободното учество на гласачите на изборите – без заплашување.

– Во однос на медиумите, беше истакнат фактот дека при оценувањето на избалансираноста во медиумското известување, особено е важен тонот на известувањето, како и дека оцената за избалансираност е предмет на подолготрајна и посложена анализа – се вели во соопштението.

Директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски, истакнал дека според податоците од надзорот, најголемиот дел од медиумите никогаш не известувале избалансирано во изборниот период, поради што на сите радиодифузери што го прекршиле законот, им биле изрекувани мерки.

– Генерално, проблемот не е во законските решенија, туку во начинот на кој радиодифузерите го практикуваат новинарството. Со оглед на тоа што треба да се работи во насока на зголемување на свеста на радиодифузерите за почитување на изборната регулатива, Агенцијата, како и при сите други изборни процеси, во претстојниот период планира да одржи обуки за новинарите и за уредниците во медиумите – стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...