fbpx

„Анима мунди“: Дивјачки лов на чавки!

-

Шокирани сме од дивјаштвото за кое дознавме преку локален портал, кој информира дека во тек на вчерашниот ден се убиени голем број птици и бараме итно да се запре ова крвопролевање врз интелигентни, социјализирани и мирни битија (а не агресивни птици како што наведува порталот), кое ќе остави крвава дамка на репутацијата на градот. Инсистираме на итни санкции за сторителите и казни затоа што истите не само што масакрирале птици, туку ја загрозиле безбедноста на жителите на Прилеп! Куршумот не бира кого убива!, реагираат од Здружение за заштита на животни „Анима мунди“, по веста со наслов „Синоќа во Прилеп имаше акција за чистење на градот од чавките“, објавен на порталот „Шеталиште“.

„Ова не е примитивно општество, туку 21 век. Ваков чин секаде во Европа би бил најстрого осуден. Ваквите чистки се срам за градот, срам за државата и мора да запрат! Чавката не е (цитираме) „птица која навестува зло, штета, елементарна непогода, смрт“, туку живо битие кое е неопходно во природниот еко-систем, интелигентна и урбана птица која оформува силни социјални врски во своето семејство, а не кобник!“, стои во реакцијата од ова здружение.

Од „Анима мунди“ бараат градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, итно јавно да се огради и го осуди ваквиот чин, како и да се казнат сите сторители, кои убивале животни и ја загрозиле јавната безбедност.

„Бараме и од Агенцијата за храна и ветеринарство, Секторот за заштита на животните, пред сè, директорот на Агенцијата, Зоран Поповски, да се преземат сите активности да се дознаат учесниците, сторителите, оние кои ја осмислиле оваа монструозна акција и истите да бидат најстрого казнети во согласност со Законот за заштита и благосостојба на животните. Се обраќаме и до Министерството за внатрешни работи, министерката Гордана Јанкуловска, со барање да се покрене кривична постапка за сторителите бидејќи истите го прекршиле Кривичниот законик и предизвикале јавна опасност“, се вели во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...