fbpx

Ќе се укинат летовите меѓу Украина и Русија

-

Директните летови меѓу Украина и Русија ќе бидат прекинати од полноќ, бидејќи стапуваат на сила санкциите што ги воведе украинската влада кон Русија. Властите во Москва најавија реципрочни мерки.

На овој начин, ќе бидат засегнати 70.000 патници. Санкциите се воведени за да се казни Русија за анексијата на Крим, како и поради поддршката што им ја дава на вооружените бунтовници на истокот на Украина.

Русија истакнува дека со овој потег Украина ќе си направи штета себеси, бидејќи најголем дел од патниците се Украинци кои патуваат на работа во Русија, ги посетуваат роднините или транзитираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...