fbpx

Во Париз се одржува самит за Украина

-

Претседателите на Франција, Русија и на Украина, Франсоа Оланд, Владимир Путин и Петро Порошенко, и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Париз ќе одржат состанок посветен на ситуацијата на истокот на Украина.

На средбата ќе се разгледа примената на мировниот договор, кој годинава во февруари беше постигнат во Минск. Договорот доведе до примирје на 15 февруари на истокот на Украина, но прекинот на огнот повремено се прекршува на тоа подрачје во кое од почетокот на конфликтот во април 2014 година загинаа речиси 8.000 лица.

За време на самитот ќе биде разговарано и за санкциите кон Русија, кои Европската унија ги воведе кон оваа земја поради украинската криза.

Пред самитот, Путин ќе има одвоени средби со Оланд и со Меркел, но не и со Порошенко. Оланд и Путин ќе разговараат за ситуацијата во Сирија, два дена по почетокот на руските напади во оваа земја.

Русија и Франција, кои се залагаат за борба против Исламска држава во Сирија, имаат спротивставени ставови за сирискиот претседател Башар ал Асад.

Франција смета дека Асад треба да си замине од власт, додека Русија оценува дека Асад е легитимно избран и оти со него може да се преговара за политичка транзиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека...