fbpx

СДСМ: Зврлески нема ни професионален ни морален кредибилитет да носи одлуки

-

„Материјалите од прислушувањето и содржините од него се надлежност на специјалниот јавен обвинител. Тој е единственот што во независна и непристрасна постапка, ослободен од рацете на Никола Груевски, може да донесе одлуки во кои ќе верува јавноста“, изјави на прес-конферeнција Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ.

Тој вели дека се покажала „непрофесионалноста на Марко Зврлески, кој е во директен линк со Никола Груевски“. Исто така, Шилегов вели дека „напразно Зврлески сака да покаже дека наводно нешто почнал да работи“.

– Половина година од објавата на доказите од прислушувањето и од поднесените кривични пријави, не е покрената ниту една постапка. Соопштението од Зврлески следува откако е договорено специјален јавен обвинител да ги работи предметите за функционерите, чија одговорност ја крие тој. Зврлески ниту еднаш не се осмелил да го спомене името на Никола Груевски, а не, пак, да го викне на распит и покрај големиот скандал со парцелите на Водно во кој Груевски е вмешан како премиер. Обвинителството не постапило по допрен глас за ниту една од снимките, за кои не е поднесена кривична пријава, а особено снимката што открива криминал со автопатиштата, во кој е вмешан Груевски, со сериозни индиции за барање мито меѓу 15 и 18 милиони евра. Освен Мијалков, ниту еден од високите владини и партиски функционери, кои се вмешани во скандалите, не е викнат на распит. За ниту еден од нив нема мерка за обезбедување – изјави Шилегов.

Портпаролот на СДСМ додава дека сите тие сè уште си ги извршуваат своите функции, а можат да попречат истрага, да влијаат на сведоци или да уништат доказен материјал. Шилегов вели дека Зврлески не смее и не може да донесе одлуки по предметите.

– Зврлески нема ни морален, ни професионален интегритет и кредибилитет. Токму затоа, договорен е специјален јавен обвинител. Ништо не е ниту разјаснето, ниту готово. Единствено што може Марко Зврлески е да си поднесе оставка – рече Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...