fbpx

Филмско бегство на двајца затвореници од најобезбедуваниот затвор во Индија

-

Двајца затвореници успеале да побегнат од најголемиот затвор со максимално обезбедување во Индија, „Тихар“, откако ископале тунел под затворските ѕидови, јавуваат локалните медиуми.

Затворските власти откриле дека двајцата затвореници, кои чекале судење за провалничка кражба, ги нема, откако тие не се појавиле на прозивката во неделата овој викенд.

Како што пренесуваат медиумите, повикувајќи се на изјави од службени лица, еден од побегнатите затвореници бил фатен и однесен на испитување.

Во затворот „Тихар“, за кој се смета дека е најголемиот во Азија, се сместени милитанти, озлогласени гангстери и тврдокорни криминалци.

Ова е прв случај двајца затвореници да успеат да побегнат од строго чуваниот затвор.

Според информациите, по сè изгледа, станува збор за внимателно планирано бегство, кое потсетува на она од холивудскиот оскаровец „Бегство од Шоушенк“. Двајцата затвореници, се претпоставува, успеале да се прекачат преку ѕидот од еден во друг затвор, каде потоа ископале тунел под заштитниот ѕид што го обиколува затворот и да излезат ползејќи низ канализацијата.

Службени лица изјавиле дека сè уште се обидуваат да сфатат како точно било изведено бегството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За третина од светското население климатските промени се предизвик, но не треба да бидат приоритет на владите

Третина од светската популација верува дека климатските промени се еден од најголемите глобални предизвици, но многу помалку веруваат дека ова прашање треба да биде приоритет за нивните влади, се...