fbpx

Еврогрупата нема да дозволи продолжување на финансирањето на Грција

-

Еврогрупата нема да ја продолжи финансиската програма за Грција. Првиот човек на Еврогрупата, Јирген Дајселблум, на прес-конференцијата по состанокот на европските министри за финансии, изрази голема разочараност од одлуката на грчката влада ги прекине ненадејно преговорите и да најави референдум, посочувајќи дека нема да го прифатат грчкото барање за продолжување на финансирањето додека не помине референдумот.

Дајселблум посочи дека грчката влада не разбрала дека ЕУ може и покажува флексибилност во преговорите.

– Преговорите не беа завршени, предлозите не беа конечни, но грчката влада го прекина процесот и ги одби предлозите – истакна Дајселблум, оценувајќи ја одлуката за референдум како нефер однесување кон грчкиот народ.

Првиот човек на Еврогрупата истакна дека финансиската помош и програма за Грција истекува во вторник и министрите за финансии на ЕУ ќе продолжат со состанокот денеска за да ги договорат следните чекори и да ја задржат силата и единството на еврозоната, како и за да го заштитат еврото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик

Денеска, на 5 Мај, во земјава се одбележува Денот на македонскиот јазик. Претседателот Стево Пендаровски истакна дека откако пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука, континуираниот развој на...