Здруженијата за заштита на животни бараат итно затворање на стационарот „Вардариште“

Местото каде е сместен стационарот „Вардариште“ претходно било депонија и не случајно граѓаните што живеат околу него се жалат на лошата миризба, пишува „24 Вести“.

Затоа од Асоцијацијата на активисти за права на животни сметаат дека е потребно што побргу оваа место да биде затворено сè дури не се најде соодветен сопственик што ќе се грижи правилно за објектот и за животните што живеат во него.

За целосен третман на животните се залагаат и од здружението „Анима мунди“, од каде велат дека конечно треба да се направи еден хуман и чист стационар во кој еутаназијата ќе биде минато.

И покрај хуманата желба да вдомат две кучиња, од здружението се жалат дека од стационарот и од Општина Аеродром добиле негативен одговор.

Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ во март покрена меѓународна кампања за затворање на стационарот „Вардариште“. Од здружението тогаш изјавија дека надлежните континуирано не постапуваат по реакциите и по пријавите што тие ги доставуваат за стационарот.