fbpx

Неколку месеци по интервенцијата на Град Скопје, кејот на Вардар кај Трубарево пак е дива депонија [галерија]

-

Само неколку месеци откако Градот Скопје интервенираше кај поранешната депонија Вардариште за рушење на дивите рампи пробиени кон коритото на реката Вардар, кејот од Вардариште во правец кон Трубарево повторно е претворен во огромна депонија. Камиони, колски коли и комбиња пристапуваат по земјени патишта во правец од населбата Лисиче, го минуваат железничкиот мост и преку дивите рампи, го истураат отпадот директно во мајор коритото на Вардар.

Станува збор за локацијата на која треба да се гради идната пречистителна станица за отпадни води во Скопје, која во моментов е преполнета со секаков вид на отпад, од градежен шут и вреќи со непознат отпад, преку остатоци од облека и мебел, до кеси со ѓубре од домаќинства. Отпадот е расфрлан насекаде, а нови нелегални тури непрестано се носат на ова место. Бидејќи е натрупано поголемо количество на отпад, на терен може да се забележи дека делови од дивата депонија биле запалени.

Градот Скопје на почетокот од ноември минатата година, информираше дека ЈП „Улици и патишта“ работеле на рушење на диво пробиените рампи на кејот на Вардар кај Вардариште. Тогаш тие ветија дека ќе ги затворат и северните пристапи кон депонијата, но и дека градскиот инспекторат за животна средина заедно со полицијата и пожарникарите ќе ја засилат контролата и ќе го спречат сузбивањето на огновите на отворено.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов тогаш изјави дека Вардариште генерира смрдеа и загадување во населбите Ново Лисиче и Лисиче, посочувајќи дека за целосна санација на локацијата се потребни 26 милиони евра.

„Мета.мк“ во изминатиов период во неколку наврати пишуваше за нелегалното трупање на отпад по течението на реката Вардар, во правецот од Вардариште и Лисиче преку Трубарево и Јурумлери кон останатите населби на излезот од Скопје, каде има десетици диви депонии. Пишувавме и за дивата депонија во Визбегово, која Градот Скопје кон крајот на минатата година се обврза да ја исчисти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...