четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: река Вардар | 28 резултати

ЕУ грант од 70 милиони евра за скопската пречистителна станица, се чека договорот за изведувач

март 22, 2023

С. Македонија доби грант од 70 милиони евра од Европската Унија, со што се заокружи финансиската конструкција потребна за изградба на скопската пречистителна станица  тешка 200 милиони евра. Договорот за грантот денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик претседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова и министерката за животна средина и просторно планирање […]

По објавата на „Мета.мк“, инспектори појдоа на депонијата со отпаден гипс кај Згрополци

август 21, 2022

Нема табла со известување за опасност, не е поставена ограда околу депонијата, нема присуство на луѓе во околината, но има пристапен земјен пат до рамниот дел од депонијата и забележани се траги од измет на кози и овци на пристапниот пат до депонијата. Ова се само дел од податоците наведени во Записникот за извршениот инспекциски […]

Депонијата со гипс кај велешкото село Згрополци заборавена од надлежните, иако е жешка еколошка точка [фото]

јули 7, 2022

Околу 3,7 милиони тони отпаден гипс од некогашното работење на Хемиската индустрија Велес (ХИВ) се лоцирани во ридиштата во близина на велешкото село Згрополци. Станува збор за една од жешките еколошки точки во земјава, која е лоцирана покрај стариот пат Велес-Градско, на околу 1,5 километри надвор од некогашната фабрика. Иако е категоризирана како локација со […]

Со средства од буџетот ќе се изработи студија за решавање на проблемот со шестовалентниот хром во Јегуновце

јули 6, 2022

Со буџетскиот ребаланс што вчера помина на владина седница, а Собранието на РСМ треба допрва да го усвои, се издвојуваат финансиски средства за трајно решавање на проблемот со индустриската депонија во Јегуновце, информираат од Министерството за финансии. На оваа локација во моментов се складирани 850.000 тони индустриски отпад од работењето на фабриката „Југохром“, а меѓу […]

Две години се одолговлекува изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, Вардар останува загаден

јуни 21, 2022

„Пречистителната станица за отпадни води за Скопје ќе почне да се гради в година“ е насловот на текстот на Мета.мк објавен на 27 ноември 2019 година во однос на изведбата на капиталниот проект што треба да го реши проблемот со загадувањето на водите на реката Вардар во главниот град. Од крајот на 2019 година до […]

ДИЖС лани бил во Јегуновце, неправилности со прочистување на шестовалентниот хром не утврдил

март 29, 2022

Пред една година, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) за последен пат бил во инспекциски надзор на пречистителната станица за отпадни води во фабриката „Југохром“ во Јегуновце. На барање на Мета.мк, од ДИЖС добивме информација дека на 24 март 2021 година бил извршен редовен инспекциски надзор, при што не биле утврдени неправилности во работењето при […]

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради годинава

март 1, 2022

Денеска во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, се отворија тендерските понуди за дизајн и изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Од 12 компании и конзорциуми што ги поднесоа своите апликации на меѓународниот тендер до октомври 2020 година, во втората фаза од тендерската постапка се квалификуваа две компании. Втората фаза […]

Канцерогениот шестовалентен хром од депонијата во Јегуновце го демне здравјето на граѓаните [фото]

февруари 17, 2022

Фабриката „Југохром“ од Јегуновце била отворена во далечната 1955 година, но уште од самиот почеток на нејзиното работење не се посветило доволно внимание на заштитата на животната средина, особено на загадувањето на подземните и површинските води во овој дел од Полошкиот регион. Отпадната хроматна кал и отпадната згура од производството на феролегури од „Југохром“ почнала […]

Неколку месеци по интервенцијата на Град Скопје, кејот на Вардар кај Трубарево пак е дива депонија [галерија]

април 27, 2021

Само неколку месеци откако Градот Скопје интервенираше кај поранешната депонија Вардариште за рушење на дивите рампи пробиени кон коритото на реката Вардар, кејот од Вардариште во правец кон Трубарево повторно е претворен во огромна депонија. Камиони, колски коли и комбиња пристапуваат по земјени патишта во правец од населбата Лисиче, го минуваат железничкиот мост и преку […]

Градот го почна отстранувањето на првата галија од коритото на Вардар, сопственикот негодува

април 5, 2021

Градот Скопје денеска почна да ја отстранува првата од трите галии во коритото на реката Вардар. Станува збор за галијата поставена спроти хотелот „Холидеј ин“, информираат градските власти. Демонтажата ќе ја вршат екипите на ЈП „Улици и патишта“ во наредните неколку недели, и тоа на трошок на фирмата која досега управуваше со галијата во својство […]

Се расчистува кејот на Вардар кај новиот пешачки мост кој беше непрооден осум години

јануари 12, 2021

Почна да се расчистува кејот на реката Вардар во близина на Македонскиот народен театар и новиот пешачки мост. Досега екипите на Град Скопје подигнале 27 кубни метри градежен материјал, а се најавува дека чистењето ќе продолжи и во наредните денови. Како што соопштија од Градот, овој дел од кејот речиси осум години не бил прооден […]

Вандали оштетија инструменти за рано предупредување од поплави во Вардар кај тетовско Сараќино

октомври 6, 2020

Штета во висина од 5.000 до 10.000 евра е направена врз инструментите за рано предупредување од поплави на хидролошката станица „Саракинци“ поставена во реката Вардар кај тетовското село Сараќино. „Минатата недела наша екипа ја посети станицата во Сараќино со цел да утврди зошто нема податоци на нашата веб страна, при што беа забележани оштетувања на […]

За изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје се заинтересирани 12 компании

октомври 2, 2020

Рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје заврши вчера. Од ЈП „Водовод и канализација“, како инвеститор, велат дека биле поднесени 12 апликации од компании или конзорциуми заинтересирани за изградба на капиталниот објект вреден 136 милиони евра. „Горд сум што испишуваме […]

Сè повеќе инвестиции во управувањето со отпадни води, потребни се уште за да имаме чисти води (инфографик)

септември 12, 2020

Инвестициите во управување со отпадните води во земјава постепено растат во изминативе години, но еколозите и невладините организации посочуваат дека се потребни многу повеќе во наредниот период за да имаме чисти речни и езерски води кои ќе овозможат враќање на изумрениот биодиверзитет, дозвола за капење на граѓаните и можност за наводнување на земјоделските површини. Според […]

Инспекторите сè уште не знаат кој стои зад вчерашното загадување на Вардар

јули 16, 2020

Државниот Инспекторат за животна средина сè уште нема утврдено кој е причинител на загадувањето на Вардар, кое се случи вчера, кога речните води се обоија во жолто-кафеави нијанси во близина на скопската населба Лисиче. Земените мостри од канализациониот испуст во Вардар кај мостот Близнак денес беа однесени на анализа во лабораторијата на скопското јавно претпријатие […]

Вардар кај Лисиче повторно загаден, инспекторите на терен, загадувачот непознат

јули 15, 2020

Увидот на инспекторите за животна средина во инсталациите на двете најголеми фабрики во кругот на некогашната скопска Железарница – „Макстил“ и „Либерти Груп“ (поранешен „Арчелор Митал“), денес не покажа кој е причинителот на денешното загадување на реката Вардар кај Лисиче. Откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на црвеникаво-кафеаво обоените води на Вардар и откако […]

Казната за истечениот мазут во Вардар кај Велес е 100.000 евра, ама сè уште не е изречена

јули 9, 2020

И по еден месец, сè уште нема конечен епилог за случајот со истекувањето на еден тон мазут во реката Вардар иако е познат причинителот, а надлежните инспекциски служби извршија увид и собраа докази. И понатаму трае натегањето на Државниот инспекторат за животна средина со претставниците на велешката фабрика „Благој Ѓорев“ околу записникот направен од страна […]

Град Скопје ќе ја уредува северната страна од кејот на Вардар од Лепенец до Аеродром

јуни 17, 2020

Екипите на Град Скопје денеска почнаа акција за чистење и уредување на северната страна од кејот на Вардар, на потегот од реката Лепенец до Аеродром. Во текот на наредниот месец на терен ќе работат екипите на јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“. Тие прво ќе го […]

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради на крајот на 2021 година

мај 12, 2020

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје е планирано да почне да се гради на крајот од 2021 година. За капиталниот објект што ќе биде лоциран во близина на селото Трубарево во следните два месеци треба да се објави постапка за предквалификација за избор на најдобар понудувач за изведување на градежните работи, а веќе е […]

Погонот на „Арчелор Митал“ што го загади Вардар од денеска повторно работи

октомври 7, 2019

Од денес повторно работи погонот на „Арчелор Митал“ или под новото име „Либерти Хаус Груп“, од каде беше предизвикано загадувањето на Вардар на 22 септември, кога преку главниот канализационен испуст кај Ново Лисиче се излејаа токсични отпадни води со висока концентрација на рѓа и хлороводородна киселина. Ова за „Мета.мк“ го потврдија во Државниот инспекторат за […]

Страна 1 од 2